Top

Викенд хороскоп (09-10.02.2013)

ОВЕН
Ситуацијата бара брзи реакции. Никој не се сомнева дека ќе извлечете максимална корист. Минувате низ убав, позитивен период па извлечете максимум од секој можен аспект, на начин својствен само за вас – преку шега и топла пријателска атмосфера. Оптимизмот е оправдан. Нова шанса за напредок е на повидок.

БИК
Викендов е поволен за занимавање со вашето омилено хоби. Материјалниот аспект не е сјаен, но пак емотивниот дел е одличен. Сепак, бидете претпазливи бидејќи вашата емотивна страна е чувствителна и ранлива. Но, тоа не би требало да ве попречува во работата.

БЛИЗНАЦИ
Вистински момент е да размислите околу промена на работното место. Ви претстојат низа среќни околности. Поседувате доволно знаење и пракса така да нема да има никакви проблеми. Со особена леснотија ќе ги прифатите сите обврски кои ветуваат напредок, кој ќе дојде на крајот од месецов.

РАК
Преокупирани сте со детали. Бидете внимателни бидејќи суштината на проблемите многу лесно може да ви промакне. Посветеноста ќе вроди со плод. Ве очекува успех на сите полиња, особено на емотивно. Долго време бевте жртва на љубовни игри и превари, но сега конечно сте на прав пат.

ЛАВ
Постигнувате одлични резултати благодарение на инвентивноста. Викендов ќе се чувствувате фантастично. Некој многу ќе ве израдува, директно или индиректно. Ова е вистинско време доколку планирате принова. Меланхолијата и враќањето кон минатото не водат никаде. Сконцентрирајте се на ведрата иднина.

ДЕВИЦА
Можна е извесна нервоза, но успешно ќе ја совладате. Ќе сфатите дека одлично се чувствувате и дека после подолг период имате можност одлично да функционирате. Кому треба да му се заблагодарите за ова? Можеби на самите себе. Ја пребродивте кризата, па можете да се опуштите.

ВАГА
Тешко ви е да се соочите со реалноста. Но, кој ви е виновен кога донесувате погрешни одлуки. Одамна требаше да повлечете црвена линија, но никогаш не е доцна. Околината многу очекува од вас, а вие во моментов се чувствувате исцрпено и немате сила за ништо. Без паника, почекајте уште малку.

СКОРПИЈА
Нема сомнеж дека ќе ги реализирате сите замислени идеи. Во моментов остварувате необични контакти и бројни познанства. Сеуште не сте на чисто кога емоциите се во прашање. Ве убива скептицизмот и посесивноста, најчесто без никаква причина. Не е време за дефинитивна одлука на љубовен план.

СТРЕЛЕЦ
Се’ ви оди од рака. Со соработниците одлично функционирате, а со партнерот кренавте бело знаменце и ги прифативте меѓусебните мани. Што сакате повеќе од ова? Нови деловни предизвици од кои многу очекувате. Бидете задоволни доколку пола од тоа се реализира.

ЈАРЕЦ
Буквално се’ ви паѓа тешко. Мислите дека во животот добивате помалку отколку што реално заслужувате. Не дозволувајте да ве гуши самобендисаноста. Подобро сетете се на своите таленти и квалификации. Од целата ситуација ќе излезете со крената глава. Не обрнувајте внимание на личностите кои се против вас.

ВОДОЛИЈА
Случувањата околу вас ги сфаќате премногу сериозно и баш поради тоа се нервирате и возбудувате. Барем не ви е здодевно. Имате повеќе симпатии, па ги користите сите по потреба. Водењето љубов е најдбриот лек. Запомнете го ова! Бидете во прегратка на личност за која сте сигурни дека ќе ви помогне.

РИБИ
Чекорите по линија на просперитет. Па, заслуживте да ве огрее сонце. Ви се нудат примамливи понуди од сите страни. Ви претстојат среќни мигови. Партнерот, колегите и шефот во вас препознаваат личност од доверба. Активирајте се максимално и сркајте од медот со голема лажица.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>