Top

Хороскоп за 12.02.2013 (вторник)

ОВЕН
Сеуште сте напнати, а тоа може да влијае на вашето психичко здравје. За се постои лек, а во вашиот случај тоа е вашето хоби. Насочете се кон она хоби кое прво ќе ви падне на памет. Уште ако тоа вклучува и физичка активност, проблемот веднаш ќе се реши.

БИК
Ве очекува успешен ден на секое поле, дури и на финансиско. Работата и љубовта ги доведовте во ред, но кога се во прашање финансиите подолго време немате решение. Но, не треба да очајувате, бидејќи веќе се гледа излезот на наизглед нерешливиот проблем. Ако се изборите со својата тврдоглавост, се ке биде во ред.

БЛИЗНАЦИ
Се нервирате повеќе отколку што е потребно. Таа состојба бара вложување напор, а вие не сте подготвени да се жртвувате. Затоа, мора да се соочите со делумен успех. Но, подобро нешто, отколку ништо. Бидете објективни и сфатете дека сами се впуштивте во овие проблеми.

РАК
Нервозни сте и напнати од чиста мира. Причината за тоа не е во другите, тук во самите вас. Можеби ви е досадно. Не ја оптоварувајте околината со своите хирови, бидејќи тие долго време ве толерираат. Но, за се има граница. Трпеливо почекајте ги своите пет минути.

ЛАВ
Желбата за доминација денес е особено нагласена. Околината ќе се обиде да ве спушти на земја доколку претерате со ексцентричност и агресивност. Свесни сте за своите квалитети, но тоа не значи дека треба да им досадувате на другите. Можни се проблеми со една скорпија, која е потврдоглава и посуетна дури и од вас. Памет во глава.

ДЕВИЦА
Нервниот систем ви е благо надразнет. Причини поради кои се чувствувате лошо има бeзброј, но ако подобро размислите тие се минимални. Се надевате на невозможни нешта, затоа не се чудете што не се исполниле. Си поставивте недостижни цели, а се нервирате зошто не ги исполнивте. Намалете го апетитот.

ВАГА
Упорни сте, но се исплати. Решавате важен животен проблем кој подолги време ви создаваше маки. Иако материјалната состојба се подобрува, морате да бидете рационални со трошењето. Не сте секогаш во право, посебно во процената на еден ваш пријател.

СКОРПИЈА
Вредно работите и љубоморно ја чувате само за себе тајната за вашиот успех. Како соработник сте навистина коректни. Кога е во прашање престиж, не сакате да ги откривате своите адути. Имате право на таен реепт на својот успех. Партнерот и членовите на семејствто ве сметаат за доминантна личност.

СТРЕЛЕЦ
Морате да соберете храброст за да се соочите со животните предизвици. Станува збор за ризик, но само така може да добиете. Во спротивно, мора да се потпрете на другите, а тоа не би сакале. Еден подарок непромислено ќе го прифатите, па потоа ќе се покаете.

ЈАРЕЦ
Се укажува на тоа дека често сте мазохист. Можеби ќе кажете дека тоа не е точно, но никој не може да трпи притисок како вас. Како да немате своја личност и не можете јасно да кажете што ве мачи. Резултати може да постигнете само со промени од корен. Ќе го искажете своето незадоволство, макар и преку караница. Морате на сите да им ставите до знаење дека се држите до себе и до својата гордост.

ВОДОЛИЈА
Моменталната состојба бара прилагодување, а вие тоа најмногу го мразите. Секогаш сте се обидувале да се извлечете од просечност. Во средината во која работите важите за иноватор, па од неа очекувате прифаќање на вашите идеи.

РИБИ
Пред вас стои реализација на многу нешта. Работата и подобрената финансиска состојба се на прво место. Доколку не сте комплетно задоволни од постигнатото, значи ви недостига одлучност. Понекогаш мора да се наметнете за да ве забележат.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>