Top

Хороскоп за 08.02.2013 (петок)

ОВЕН
Се однесувате мошне рационално, раководејќи се од разумот. Иако, и понатаму јазикот ви е побрз од умот, веќе и не е така опасно. Нервозата е нормална појава, па настојувајте да се дружите со личности за кои ве почитуваат. Периодов е одличен за пишување, творење, но и за занимавање со науката.

БИК
Ги анализирате туѓите проблеми. Тоа не ви е тешко бидејќи на тој начин ги потиснувате сопствените. Тешко ги искажувате сопствените чувства, но сте и тоа како добар слушател на туѓите. Голема вештина е да знаете некого да сослушате. Ви недостига самодоверба кога станува збор за нов предизвик. Можеби не сте ја процениле ситуацијата како што треба?

БЛИЗНАЦИ
Рамислувате на оригинален начин. Со блиските пријатели ги разменувате секојдневните искуства и стекнатите знаења. Обидете се да ја контролирате склоноста кон постојано критикување: повеќе работете, а помалку зборувајте! Околината од вас очекува конкретни дела, а не сувопарни зборови. Ве очекува поволен исход од некоја дамнешна ситуација.

РАК
Љубители сте на материјални нешта. Функционирате трезвено и ладнокрвно, со голема желба да профитирате од целата ситуација. Јавниот живот, како и кариерата ви се особено значајни. Не изненадуваат ни вашите интереси за политиката во која планирате активно да се вклучите. Донесувате паметни одлуки.

ЛАВ
Роднините ве отпишаа, но денес ќе се навратат на вас и ќе ве критикуваат. Ништо алармантно бидејќи вие сте фокусирани на многу поинтересни нешта. Мечтаете за патување, а интуицијата вели дека тоа ќе се оствари многу скоро. И можеби токму на тоа патување ќе се заљубите.

ДЕВИЦА
Кавгите со партнерот стануваат поинтензивни, конфликтите ви се секојдневие. Запрашајте се дали можеби сте претерале со барањата? Бидете особено претпазливи доколку се занимавате со политика и недвижности. Ќе добиете неизмерна поддршка од блиска личност, стрпете се малку и почекајте поволна шанса.

ВАГА
Помина периодот на пречкање со партнерот. Сега одлично функционирате како пар, свесни за квалитетите на партнерот. Но, до кога ќе ве држи оваа хармонија? На ова прашање баш никој не може да одговори. Планетите ви се наклонети и ви праќаат невидена поддршка.

СКОРПИЈА
Ве очекуваат обемни деловни обврски. Но, тоа ќе се одрази позитивно по однос на вашиот џеб. Парите ви се потребни, а до нив можете да дојдете само со работа. Логично. Сите здравствени проблеми потекнуваат од вашата психа. Само смирете се и тие проблеми веднаш ќе поминат. Внимавајте на исхраната.

СТРЕЛЕЦ
Успех ве очекува во нешта поврзани со креативност. А, ви претстојат и финаниски трансакции во ваша полза. Спрема партнерот и децата морате да бидете пофлексибилни. Морате да сфатите дека не секогаш сте во право. Време е да почнете да уживате во ситниците кои го прават животот поубав.

ЈАРЕЦ
Денес е одличен ден за тргување со недвижнини. Доколку подолг период сте размислувале на оваа тема, денес е вистински момент да тргнете во акција. Успесите ќе дојдат на крајот од овој месец. Штом нешто затаи, веднаш почнувате да се нервирате и целото нерасположение да го истурате врз блиските. Морате постепено да се менувате. Фокусирајте се на фамилијата.

ВОДОЛИЈА
Постојано сте во трка со времето. Тоа и ви одговара бидејќи инертност не поднесувате. Морате да внимавате на нервниот систем бидејќи тој постојано е на удар. Исто така, можни се и стомачни тегоби, но ништо алармантно. Внимавајте каде го ставате вашиот потпис.

РИБИ
Ќе бидете во ситуација да донесете одлука за многу кусо време. Тоа нема да би претставува проблем бидејќи во прашање се пари и добар бизнис. Сакате вашите квалитети да бидат адекватно финансиски наградени, што е нормално. Доста беше неправда!

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>