ОВЕН
Иако трпението не е јака страна на вашиот карактер, сепак сега стапува на сцена. Свесни сте дека до целта ќе дојдете бавно, но сигурно. За се’ што сте зацртале треба штедење. Е токму тоа ќе ви падне многу тешко бидејќи сакате да трошите. Женските припаднички на овој хороскопски знак ќе се соочат со финансиски проблеми и непланирани трошоци.
БИК
Разочарувања ве очекуваат на многу страни. Ќе биде полесно доколку тие се однесуваат на работата, но љубовните разочарувања тешко ќе ги поднесете. Повеќете од вас го доживуваат партнерот како светец. Иако се наоѓате во емотивна заблуда, не е време за конечна одлука. Стрпете се и не донесувајте одлуки набрзина.
БЛИЗНАЦИ
Конечно посакувате да ги решите љубовните проблеми. Партнерот го заврши својот дел од обврските, па сега вие сте на ред. Моментално опуштено функционирате во љубовната заедница. Шетајте повеќе, затворете се во својот свет – само така ќе успеете да ги решите моменталните проблеми.
РАК
Околината мисли дека немате проблеми бидејќи сте храбри, молчите и трпите. Никој не може да примети дека минувате низ кризен период бидејќи сте достоинствени до крај. Темна точка се финансиите. Тие отсекогаш претставувале проблем за вас. На која страна и да се свртите ви бараат пари, а деловниот проект доцни. Стрпете се малку – ќе има пари, и тоа многу.
ЛАВ
Денов ќе го помните по романтичното расположение и еротските фантазии кои ве преокупираат. Копнеете по некоја личност која е далеку од вас. Топол совет: сите позитивни мисли фокусирајте ги кон драгите луѓе кои го чинат вашето секојдневие. Тие ве сакаат безусловно, со нив точно знаете на што сте.
ДЕВИЦА
Се соочувате со големи проблеми и нервози. Ви недостигаат објективност и самокритичност, ги обвинувате другите за се’ што не се одвива според зацртаниот план. Обидете се да внесете малку свежина во фамилијарната атмосфера. Досадата и монотонијата станаа секојдневна работа. Деловниот аспект стагнира, но не за долго.
ВАГА
Имавте доволно време за уживање и забава. Но, дојде време малку да се смирите и да се приберете дома. Токму сега се соочувате со проблеми со љубовниот партнер и пријателите. Разочарани сте од меѓучовечките односи бидејќи очекувавте многу од блиските луѓе и ги идеализиравте. Разведрете се!
СКОРПИЈА
Вашата деловна активност е под строга контрола. Чувствувате нервоза и напнати сте кога станува збор за љубовта. Се чувствувате конфузно, но таа состојба ќе помине многу брзо. Кога би можеле да влијаете врз љубовта како врз работата, се’ би било полесно. Можеби не сте заљубени во вистинската личност?
СТРЕЛЕЦ
Периодов премногу работевте, па сега е вистинско време да се посветите на фамилијата, партнерот и љубовните моменти. Не се штедете на емотивен план. Опуштете се. Некои од вас веќе размислуваат и за брак. Можни се проблеми со респираторните органи, па доколку сте пушач внимавајте и избегнувајте загушливи простории.
ЈАРЕЦ
Изоблувате со трпение и внимание, а тие ќе ви бидат од особено значење денес. Почнете да размислувате за аспекти кои ве прават среќни. Бидете особено толеранти во комуникацијата со соработниците бидејќи во последно време сте многу импулсивни. Вашите испади може да ги толерира вашата фамилија, но не и колегите.
ВОДОЛИЈА
Љубовните моменти се далеку зад вас, па сега ви остануваат само спомените. Сеќавањето на тие убави моменти може да ви го подобри расположението и денот. Можни се мали здравствени проблеми, па бидете претпазливи со цел да ги избегнете.
РИБИ
Тамам ќе се привикнете на нешто, тоа мора да се менува. Воопшто не ви е лесно. Ситуацијата бара лесно да се носите со промените и да бидете пофлексибилни. Ве очекува деловен успех, но пак, емотивниот дел не е на завидно ниво. Можеби целата оваа неизвесно ви годи?
Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!