ОВЕН
Овните се соочуваат со работа, филозофски теми, патувања, додека малку го занемаруваат личниот живот. Моментално се наоѓате во извесна дилема. Загриженоста се однесува на патувањето и на новите работни обврски. Успешно ќе ги решите препреките, ве очекува одлично расположение.
БИК
Одредена ситуацијата бара поголем напор. Затоа, целосно предадете се. Само така ќе успеете и ќе можете да се надевате на некаков успех. Партнерот е покрај вас, но има претчувство дека нема да бидете тука кога ќе биде најпотребно. Мислете и на него.
БЛИЗНАЦИ
Затоа што сте посебно талентирани во многу области, надевајте се на успех. Работата е под контрола. Наскоро ќе наидете на личност која ќе ви донесе неизмерна среќа и љубов. Близнаците што се во врска ги чекаат интересни моменти покрај партнерот.
РАК
Следува реализација во многу полиња. Работата и финансиска ситуација е на прво место. Доколку не сте задоволни со постигнатото, тоа значи дека немате доволно одлучност. Понекогаш мора да им се наметнете на другите за да можат да ве забележат и да ве ангажираат.
ЛАВ
Се наоѓате во релативно добро расположение. Не очекувате се’ што сте посакале да ви падне од небо. Свесни сте на фактот дека ако сакате да завршите некоја работа, треба добро да ги засукате ракавите и целосно да му се препуштите на проблемот.
ДЕВИЦА
Главата ви е полна со чудни идеи. Немојте премногу да размислувате. Олабавете се, треба да внимавате да здравствената состојба. На тој начин ќе ја совладате хипохондријата и тремата што владеат со вас во пресрет на некој настан. Верувајте во позитивен исход, тој нема да изостане.
ТЕРЕЗИЈА
Имате потреба од малку акција поткрепена со добра доза имагинација. Работите се одвиваат многу подобро во вашата глава. Штом тргнете во некаква реализација, проблемите веднаш почнуваат. Чувствувате блага напнатост и недоволна сигурност. Крајно време е да се вразумите и да си верувате себеси.
СКОРПИЈА
Можно е да се појави проблем во комуникацијата со колегите, но самите сте виновни за тоа. Велат кој на друг дупка му копа, сам во неа паѓа. Патем се’ зависи од вашите години – доколку сте повозрасни, нештата такви ќе останат, а ако сте помлади – можеби има шанса за вас.
СТРЕЛЕЦ
Ова е одличен период за сите оние што се занимаваат со право, филозофија или некој странски јазик. Во овие области, со минимален напор ќе постигнете значителни резултати. Иако сте по природа практични, бидете внимателни, може да западнете во ситуација што ќе ви ги оневозможи сите овие особини.
ЈАРЕЦ
Вашите организаторски способности се посебно истакнати. Време е да ги средите и своите емоции. Иако сте прилично нервозни, пријателите ве толерираат, знаејќи дека ваквиот период ќе помине. Чувствувате голема доза вина, па затоа целосно им се посветувате.
ВОДОЛИЈА
Денеска сте исполнети со оптимизам и силна волја за надминување на проблемите. Морате да го ставите под контрола својот егоизам, посебно во односите со својот партнер. Немојте премногу да се наметнувате, тоа му пречи на вашиот партнер, исто како што ви пречи и вам.
РИБИ
Посебно е нагласена потребата од финансиска сигурност. Итро го прикривате незадоволството и внатрешниот немир. Не сакате да ве знаат како лик што е слаб, несигурен и неуспешен. Живеете под постојан притисок, потиснувајќи ја нервозата со надеж дека сето ова набрзо ќе биде минато.
Извор: Утрински весник
![]()
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!