Top

Дневен хороскоп – 05.09.2011 (понеделник)

Овен
Сите планови ви се остваруваат, па можете да бидете задоволни. Голем дел од вас се со немирна природа, тоа многу ќе ви помогне во понатамошните активности. Емотивно сте задоволни, благодарение на партнерот што ги задоволува вашите желби.

Бик
Ве очекува професионален успех, но емотивна нестабилност. Немате причина за разочарување, проблемите со партнерот брзо ќе поминат и ќе ја зацврстат врската. Покрај ова, мора да бидете потолерантни и помалку посесивни. Здравствената ситуација е непредвидлива, внимавајте!

Близнаци
Ова е одличен професионален период, проследен со финансиски успех. Ќе ви се исплатат сите нервирања и вложувања. Но, оној што не рескира и не добива. Можни се здравствени проблеми, лоша крвна слика, која мора да се потрудите да ја подобрите.

Рак
Особината на добар психолог денес ви оди во прилог. Од неа имате повеќе корист отколку што можете да претпоставите. Никој нема да може да ве насамари, ситуацијата на работното место ја држите под цврста контрола. Ова е период кога ќе сонувате за минатото.

Лав
Идеален период за размислување за нова работа. На емотивен план ја постигнавте саканата цел, можете да сонувате за нова квалитетна врска. На околината и дејствувате фантастично. Умеете понекогаш да ги искористите своите магични ефекти за да дојдете до целта.

Девица
Размислувате за љубов свесни за недостатоците на партнерот. Но, грешите кога е во прашање љубовта, почекајте да се смират страстите. Во меѓувреме, насочете се на работата, ве очекува успешен и креативен ден. Договорите ќе бидат успешни, а вие задоволни.

Терезија
Осцилациите во расположението стануваат се’ почеста појава. Не сте свесни за моменталната состојба, па запаѓате во депресија. Немате причина за такво однесување, она за што сонувате ќе го остварите набрзо. Доколку сакате тоа да биде побрзо, само ќе се нервирате. Престроги сте кон партнерот.

Скорпија
Мора да престанете со зборувањето. Бидете посмирени за да сфатите што бара ситуацијата од вас. Со некои блиски ќе имате добра соработка и дружење. Бидете внимателни, наредниот период може да настанат неочекувани проблеми. Не правете погрешни потези.

Стрелец
Во свој елемент сте. Насочени сте кон убави работи, а и нагласена ви е креативноста. Постигнувате успех , но со нечија поддршка. Критички сте насочени кон околината. Соработниците сфаќаат дека сте во право, па решени се да попуштат. На емотивен план сте задоволни.

Јарец
Крајно време е да направите нешто за своја душа. Мора да го подобрите расположението, имате и причина за тоа. Тешко е да се промени природата, но вие сте затворени, срамежливи и беспотребно незадоволни. Поемотивни сте од нормално. Барате грешки и таму каде што ги нема.

Водолија
Преплавени сте со чувства. Никој не ви се меша во работата, па добро се чувствувате. Уживате во сите сфери од животот, како што само вие умеете. Имагинацијата е зголемена, нови идеи ви се мотаат низ глава. Сето тоа е убаво, но морате малку потрезвено да размислувате.

Риби
Новонастанатите околности ве прават колебливи. Чувствувате емотивно ограничување во врската. Многу сте разочарани од еден пријател, размислете добро и прекинете го. Насочете се кон предизвиците. Ве очекува интересна средба, шанса за патување се’ уште постои.

Извор: Утрински весник

Facebook FAN page




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *