Top

Почина актерот Бранко Ѓорчев

Со голема жалост Ве известуваме дека почина Бранко Ѓорчев, актерски великан на македонското глумиште.

Комеморацијата по повод неговата смрт ќе се одржи во Драмскиот театар на 25.02.2013 /понеделник/ со почеток во 11.00 часот.

Посмртните останки ќе бидат изложени во капелата на градските гробишта Бутел во 13.00 часот а погребот ќе се изврши во 14.00 часот.

Бранко Ѓорчев е роден 1962-ра година во Неготино. Факултетот за драмски уметности во Скопје го завршува во 1987-ма година, по што веднаш се вработува во Драмскиот театар во Скопје, кој останува негова матича сцена до денес. Неговата актерска актива ја чинат повеќе десетици ролји како на театарската сцена така и во другите медиуми како што се филмот, радиото и телевизијата.

Награди и признанија:
– Награда „Војдан Чернодрински“ за најдобра епизодна улога во претставите „Кинегонда во Карлаленд„ и „Свето срце“ за 2009 година
– Наградата „Златна маска“ за најдобро актерско остварување на фестивалот ” Охридско лето ” за улогата на Мефисто во претставата „Мефисто“, Вечер, 2000
– Наградата за Најдобар актер за 1990 во Р. Македонија, за улогата на Фред во претставата „Спасени“, ревија „Екран“ 1990.
– Државната награда “Свети Климент Охридски” за долгогодишни остварувања во областа на културата во 2012 година.

Општествени функции:
– Директор на Драмски театар од 2006
– Професор по Сценски говор, Реторика и Ораторство на ЕСРА Филмска Академија Скопје 2005 – 2009, Советник во општина Аеродром
– 2000 – 2002, Уметнички директор на Драмски театар, Скопје, Р Македонија
– 2000 до 2002, Основач на Културен центар Квартет, Скопје,
– 1997, Основач и директор на театар Бабилон, Скопје
– 1997, Член на Советот на Македонскиот театарски фестивал ” Војдан Чернодрински”- Прилеп,
– Член на комисија за култура на ВМРО – ДПМНЕ
– Член на Совет на Млад Отворен Театар, Скопје,
– Член на уметнички совет на Драмски театар, Скопје, Р Македонија,
– Член на театарски совет на Драмски театар Скопје, Р Македонија,
– Почесен член на клубот на оратори при Правен факултет ”Јустинијан Втори” при Универзитетот “Кирил и Методиј”, Скопје , Р Македонија.
– Демонстратор на Правен факултет по реторика и ораторство во рамките на предметот Римско право, кај професор Мими Поленак, Правен факултет “Јустинијан Втори”, Универзитет ” Кирил и Методиј”, Скопје.
– Предстедател и член на комисија за образование и култура при општина Аеродром – Скопје

Поважни театарски улоги:
– Кралот Клавдиј – Хамлет, од В. Шекспир, р. Дејан Пројковски, ДТС 2010
– Птоломеј – Александар, р. Љубиша Георгиевски, ДТС 2009
– Кајафа, првосвештеник на Ерусалим – Свето срце, р. Љубиша Георгиевски, МНТ 2009
– Карла од мостот, Гинекологот, Јасновидката – Кинегодна од Карлаленд од Венко Андоновски, р. Сашо Миленковски, ДТС, 2008
– Робеспјер – Дантонова смрт, од Георг Бихнер, Народен театар – Струмица, 2005
– Ефто – Лет во место, од Горан Стефановски, ДТС, МТФ “Војдан Чернодрински” – 2005 Јонадаб – Јонадаб, од Питер Шефер, ДТС, Фестивал “Охридско лето”, 2003
– Диониз – Бакхи, од Еврипид, Народен театар – Битола, Интернационален театарски фестивал “Охридско лето” 2002
– Мажот – Последиот маж, последната жена, од Јордан Плевнеш, Ефемери театар – Париз, Франција , 2001
– Мефисто – Мефисто, од Клаус Ман, ДТС, 2000 Фестивал “Охридско лето” 2000
– Гроф Алмавива – Фигаро, од Бомарше, Интернационален театарски фестивал “Охридско лето” Охрид, 1998
– Фауст – Фауст, драматизација на Ѓорѓи Јолевски (базирана врз Гете, Марло, Ман, Достоевски, Лохер), Неформална Театарска Група “Квартет”, 1997, Прикажана на Интернационалниот Театарски фестивал за алтернативни претстави “Krakowskie teatralne reminiscencije” Краков, Полска, Март 1998
– Неизвестни – Среќата е нова идеја во Европа, од Јордан Плевнеш, ДТС, 1997,
– Интернационалниот Театарски Фестивал “Aux rivage se notre Europe“, Corbeil-Essonnes, Paris, France Јануари, 1998 Интернационалниот Театарски Фестивал
– ”Charles-Dullin“, Theatre Romain Rolland, Villejuif, Paris, France, Јануари 1998 Македонски Театарски Фестивал “Војдан Чернодрински”, Јуни 1997
– Интернационалниот театарски фестивал во Каиро, Египет 1998
– Владимир – Чекајќи го Годо, од Семјуел Бекет, ДТС, 1994, Фестивалот на камерна драма “Ристо Шишков”- Струмица, Септември 1995
– Столе Апаш – Кога цутеа тиквите, од Борислав Михајловиќ, Народен Театар Куманово, 1992
– Трепљов – Галеб, од Антон Павловиќ Чехов, Македонски Народен театар, 1990
– Фред – Спасени, од Едвард Бонд, ДТС, 1990
– Јасон – Медеја, од Дане Зајц, ДТС, 1989 Стеријно позорје, Нови Сад, 1991, Будва Фест, Будва, Црна Гора 1989 “Охридско Лето”, 1990
– Кралот Клавдиј – Хамлет, од Буњуел, Дубровнички летни игри, Дубровник, 1985, МЕСС Сараево , 1986 Алпе Адрија, Нова Горица, Трст и Блед, октомври 1986

Други претстави:
„Свадба“, „Р“, „Закопаното дете“, „Сказна за времето“, „Татко“, „Леце и опачина“, „Самоубец“, „Балконот“, „Бура“, „Калигула“, „Маратонците го трчаат почесниот круг“, „Ревизор“, „Кумови“, „Умри машки“, „Амадеус“, „Дона Хуана“, „Ова не е американски филм“, „Ојдипус тиранос“, “The Lover”, „Свадбата на Фигаро“, „Роберто Зуко“, „Арлекин, слига на двајца господари“, „Мефисто“, „Кандид во земјата на чудата“, „Падот на невиноста“, „Кутрите мали хрчки“, „Собрани дела на Б. Шекспир“, „Хамлет од Долногаштани“, „Жив чоек“, „Лет во место“, „Купидона“, „Касапски кучиња„ и други.

ТВ и Филмски улоги:
– Тони – Заведени, р. Слободан Деспотовски, ТВ Филм, СД Продукција, 2004
– Газдата – Пикасо, р. Аљоша Симјановски, ТВ Филм, МРТВ, 1987
– Илчо – Случки од животот, р. Богдан Поп Ѓорчев, ТВ серија од 60 епизоди, МРТВ, 1985
– Огнен – Ѕвездите на 42, р. Јане Петковски, ТВ Филм, МРТВ, 1985
– Волци, р. Слободан Деспотовски, ТВ Филм, 2005
– Македонија може, р. Коле Ангеловски, ТВ Серија, МРТВ, 1991
– Американецот, р. Слободан Деспотовски, ТВ Филм, СД Продукција, 2006
– Време за плачење, р. Коле Ангеловски, ТВ Филм, МРТВ, 2001
– Вампирџиите, р. Горан Тренчовски, ТВ Филм, МРТВ, 2002
– Погрешно време, р. Драги Вељановски, ТВ Серија, МРТВ, 2003
– Мали совети, р. Сашо Павлов, ТВ Серија, Идеа Плус, ДДБ, 2003
– Стапица, р. Аљоша Симјановски, ТВ Филм, 2007
– Досие К, р. Ванчо Петрушевски и Драги Вељановски,
– Остани исправен, р. Кристијан Ристески, краток ТВ Филм, 2005
– Подгревање на вчерашниот ручек, р. Костадин Бонев, Игран Филм, БНТ продукција, 2002
– Каца, р. Драган Вељановски, ТВ Филм, 1999
– Бог да ги убие шпиуните, р. Ацо Алексов, ТВ Филм, 1993

Вечна ти слава!


Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *