Top

Репертоар на Драмски театар – Скопје (18.02– 24.02.2013)

Во период од 18-ти февруари до 24-ти февруари на сцената на Драмски театар – Скопје ќе можете да ги погледнете следниве претстави:

ГРЕВ ИЛИ ШПРИЦЕР (18.02.2013 – понеделник, 20:00 часот). “Грев или шприцер” од Сашко Насев, во режија на Деан Дамјановски. На даските што живот значат ќе можете да ги видите: Драган Спасов, Билјана Беличанец – Алексиќ, Јана Стојановска / Ана Стојановска, Зоран Љутков, Мартин Јордановски, Роберт Вељановски, Сашо Тасевски, Маја Вељковиќ – Пановска и Билјана Драгичевиќ – Пројковска.


ХАМЛЕТ (19.02.2013 – вторник, 20:00 часот) од Вилијам Шекспир, во режија на Дејан Пројковски. Главните улоги ги толкуваат: Дејан Лилиќ, Бранко Ѓорчев, Драган Спасов, Катерина Коцевска, Викторија Степановска, Лазе Манасковски, Игор Стојчевски. Музичката подлога е дело на Горан Трајковски, костимите на Благој Мицевски, додека пак, сценографијата на Владо Ѓоревски.

МАКЕДОНСКА КРВАВА СВАДБА (21.02.2013 – четврток, 20:00 часот) според сценарио на Славко Јаневски и текст на Војдан Чернодрински, во режија на Сташа Зуровац. На сцената ќе имате можност да ги видите: Јана Стојановска, Жарко Димоски, Игор Ангелов, Ѓокица Лукаревски, Ана Костовска, Гоце Тодоровски, Роберт Вељановски, Софија Куновска, Игор Стојчевски , Ѓорги Тодоровски – Трупче, Филип Трајковиќ, Калина Наумовска, Никола Ацевски/Зоран Љутков, Катерина Шехтанска, Маја Вељковиќ – Пановска, Гордана Ендровска, Диме Илиев, Атанас Тановски, Виолета Шапковска, Душица Стојановска, Валдета Исмаили, Викторија Анѓушева, Марија Кондовска, Александра Павлова.
*За оваа изведба не се доделуваат гратис билети, бидејќи билетите веќе се распродадени.

ГЕНЕТИКА НА КУЧИЊАТА (23.02.2013 – сабота, 20:00 часот) од Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски. На сцената ќе имате можност да ги видите: Драган Спасов-Дац, Јелена Жугиќ, Филип Трајковиќ, Драгана Левенска, Билјана Беличанец-Алексиќ, Роберт Вељановски, Никола Ацески, Игор Ангелов, Дејан Лилиќ, Рубенс Муратовски, Зоран Љутков, Крсте Јовановски, Гордана Ендровска и Жарко Димоски.
*Претставата се одложува поради технички причини.

На gratisi@ilike.mk пратете го вашето име и презиме, а притоа посочете која од горенаведените претстави би сакале да ја погледнете. Доколку сте добитници на две гратис карти ќе бидете известени по меил. Среќно!!

Напомена: Гратис картите важат единствено за денот во кој сте ги добиле!

Станете наш facebook фан.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *