Top

Репертоар на Драмски театар – Скопје (25.02 – 02.03.2013)

Во период од 25-ти февруари до 02-ри март на сцената на Драмски театар – Скопје ќе можете да ги погледнете следниве претстави:

ГРЕВ ИЛИ ШПРИЦЕР (26.02.2013 – вторник, 20:00 часот) од Сашко Насев, во режија на Деан Дамјановски. На даските што живот значат ќе можете да ги видите: Драган Спасов, Билјана Беличанец – Алексиќ, Јана Стојановска / Ана Стојановска, Зоран Љутков, Мартин Јордановски, Роберт Вељановски, Сашо Тасевски, Маја Вељковиќ – Пановска и Билјана Драгичевиќ – Пројковска.
*Драмскиот театар од Скопје се вклучува во хуманитарната акција за помош на манастирот Трескавец. ПРИХОДОТ од претставата ГРЕВ ИЛИ ШПРИЦЕР ќе се донира за обнова на опожарените конаци на Манастирот.

МАКЕДОНСКА КРВАВА СВАДБА (27.02.2013 – среда, 20:00 часот) според сценарио на Славко Јаневски и текст на Војдан Чернодрински, во режија на Сташа Зуровац. На сцената ќе имате можност да ги видите: Јана Стојановска, Жарко Димоски, Игор Ангелов, Ѓокица Лукаревски, Ана Костовска, Гоце Тодоровски, Роберт Вељановски, Софија Куновска, Игор Стојчевски , Ѓорги Тодоровски – Трупче, Филип Трајковиќ, Калина Наумовска, Никола Ацевски/Зоран Љутков, Катерина Шехтанска, Маја Вељковиќ – Пановска, Гордана Ендровска, Диме Илиев, Атанас Тановски, Виолета Шапковска, Душица Стојановска, Валдета Исмаили, Викторија Анѓушева, Марија Кондовска, Александра Павлова.

УМРИ МАШКИ (02.03.2013 – сабота, 20:00 часот) од Алдо Николај, во режија на Коле Ангеловски премиерно беше прикажана на 12 јануари 1996 година во Драмскиот театар Скопје. Во главните улоги ќе ги видите: Јелена Жугиќ, Драган Спасов-Дац и Роберт Вељановски. Музиката е дело на Андреј Белјан, а, кореографија Кренаре Невзати – Кери.
*Претставата „Умри машки“ се одложува.


На gratisi@ilike.mk пратете го вашето име и презиме, а притоа посочете која од горенаведените претстави би сакале да ја погледнете. Доколку сте добитници на две гратис карти ќе бидете известени по меил. Среќно!!

Напомена: Гратис картите важат единствено за денот во кој сте ги добиле!

Станете наш facebook фан.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *