Top

Репертоар на Драмски театар – Скопје (17.10 – 23.10.2011)

Репертоарот на Н.У. Драмски Театар – Скопје за наредниве седум дена изгледа вака:

УМРИ МАШКИ (17.10.2011 – понеделник, 20:00 часот). “Умри машки” од Алдо Николај, во режија на Коле Ангеловски премиерно беше прикажана на 12 јануари 1996 година во Драмскиот театар Скопје. Во главните улоги ќе ги видите: Јелена Жугиќ, Драган Спасов-Дац и Бранко Ѓорчев. Музиката е дело на Андреј Белјан, а, кореографија Кренаре Невзати – Кери.

ГРЕВ ИЛИ ШПРИЦЕР (18.10.2011 – вторник, 20:00 часот). “Грев или шприцер” од Сашко Насев, во режија на Деан Дамјановски. На даските што живот значат ќе можете да ги видите: Драган Спасов, Биолјана Беличанец-Алексиќ, Јана Стојановска/Ана Стојановска, Зоран Љутков, Мартин Јордановски, Роберт Вељановски, Сашо Тасевски, Маја Вељковиќ-Пановска и Билјана Драгичевиќ-Пројковска.

ГЕНОЦИД 21 (19.10.2011 – среда, 20:00 часот) од Љубиша Георгиевски под режисерската палка на Владлен Александров. На штиците што живот значат ќе зачекорат Јелена Жугиќ , Рубенс Муратовски и Роберт Вељановски.

МУШИЧКА (20.10.2011 – четврток, 20:00 часот) – гостува Театарот од Велес. “Мушичка” од Анџело Беолко – Руцанте во режија на Никола Ристов. Улугите ги толкуваат: Зоран Љутков, Јордан Витанов, Зорица П.Панчиќ, Едмонд Сотир, Слободанка Чичевска и Кирил Гравчев.

2012 – ПОСЛЕДНИТЕ МАКЕДОНЦИ (21.10.2011 – петок, 20:00 часот) на авторите Сашо Миленковски, Тихомир Спировски, Велика Стојкова – Серафимовска, Марко Коловски, Бојан Трифуновски, Љупчо Маневски, Снежана Балканска и Венко Серафимов. Во улоги на Билјана Беличанец-Алексиќ, Билјана Драгичевиќ – Пројковска, Трајанка Илиева, Рубенс Муратовски, Зоран Љутков и Игор Ангелов.

На gratisi@ilike.mk пратете го вашето име и презиме, а притоа посочете која од горенаведените претстави би сакале да ја погледнете. Доколку сте добитници на две гратис карти ќе бидете известени по меил. Среќно!!

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *