Top

geNOcid 21

Среда (20.04.2011 година) е ден резервиран за премиерна претстава во Драмски театар Скопје. Станува збор за ГЕНОЦИД 21 од Љубиша Геогриевски, во режија на Владлен Александров. На даските што живот значат ќе ги видите Јелена Жугиќ, Рубенс Муратовски и Роберт Вељановски.

Претпремиерата на ГЕНОЦИД 21 е закажана ден порано, на 19.04.2011 година (вторник) со почеток од 20:00 часот.



“Пиесава ја посветувам на македонските мајки, кои раѓале по едно чедо повеќе отколку што крвниците можеле да потоморат.” – Љубиша ГЕОРГИЕВСКИ, автор

“Геноцид 21 е аутопсија на еден злостор. Форензичарски увид во митологијата, вивисекција на историјата, како полужив труп. Плетивото на текстот е времето, кое виси никаде во безвремието, а боли сега и овде. Ова е мoжеби најхрабриот и, секако, најопстојниот увид во македонско – грчката сторија.” – Сашо МИЛЕНКОВСКИ, драматург

“Ова е пиеса за војната, за мирот, за лагата, за вистината, за злосторството, за казната, за стапицата, за слободата, за раѓањето, за убиството, за мажот и жената, за децата, за нас, за другите, за мечтата, за убиството на една мечта, за тоа како може да се издржи насилието и навредите, за минатото и за бескрајот.” – Владлен АЛЕКСАНДРОВ, режисер

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Facebook FAN page




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *