Top

Умри машки, Баал, Хамлет, Како да ја убиеш сопругата и зошто и Олово на перница во ДРАМСКИ театар (11 – 17.04.2011)

Репертоарот на Драмски театар Скопје за наредниве 7 дена изгледа вака:

Умри машки (11.04.2011 – понеделник, 20:00 часот). “Умри машки“ од Алдо Николај, во режија на Коле Ангеловски премиерно беше прикажана на 12 јануари 1996 година во Драмскиот театар Скопје. Во главните улоги ќе ги видите: Јелена Жугиќ, Драган Спасов-Дац и Бранко Ѓорчев. Музиката е дело на Андреј Белјан, а, кореографија Кренаре Невзати – Кери.


БААЛ (12.04.2011 – вторник, 20:00 часот и 15.04.2011 – петок, 20:00 часот) од Бертолт Брехт во режија на Мартин Кочовски. Улогите им се доверени на Зоран Љутков, Ванчо Петрушевски, Маја Вељковиќ-Пановска, Игор Ангелов, Ѓокица Лукаревски, Филип Трајковиќ, Јана Стојановска, Марија Стефановска, Ева Скендеровска, Ѓорѓи Тодоровски, Катерина Шехтанска-Лаковски, Валдета Исмаили, Никола Ацески, Денис Абдула, Валентин Костадиновски и Жарко Димоски.

Хамлет (13.04.2011 – среда, 20:00 часот) од Вилијам Шекспир, во режија на Дејан Пројковски. Главните улоги ги толкуваат: Дејан Лилиќ, Бранко Ѓорчев, Драган Спасов, Катерина Коцевска, Викторија Степановска, Лазе Манасковски, Игор Стојчевски. Музичката подлога е дело на Горан Трајковски, костимите на Благој Мицевски, додека пак, сценографијата на Владо Ѓоревски.

Како да ја убиеш сопругата и зошто (14.04.2011 – четврток, 20:00 часот) од Антонио Амури во улога на Катерина Коцевска и Ѓокица Лукаревски.

Олово на перница (16.04.2011 – сабота, 20:00 часот) под режисерката палка на Димче Николовски, чие премиерно издание беше на 13-ти март. Главните улоги им се доверени на Јелена Жугиќ, Бранко Ѓорчев, Игор Стојчевски и Драгана Костадиновска.

Како што веќе знаете, во соработка со Драмски театар доделуваме по две гратис карти за сите претстави. Вашето име и презиме испратете ни го на gratisi@ilike.mk, а притоа напоменете која од горенаведените претстави би сакале да ја гледате. Доколку сте добитник на гратис билети ќе бидете известени по меил.

Facebook FAN page




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *