Top

Умри машки, Хамлет, Крвта не е вода, Баал, Синопсис, Како да ја убиеш сопругата и зошто во ДРАМСКИ театар (04.04 – 09.04.11)

Повторно, богата седмица во Драмскиот театар. Репертоарот е следен:

Умри машки (04.04.2011 – понеделник, 20:00 часот). “Умри машки“ од Алдо Николај, во режија на Коле Ангеловски премиерно беше прикажана на 12 јануари 1996 година во Драмскиот театар Скопје. Во главните улоги ќе ги видите: Јелена Жугиќ, Драган Спасов-Дац и Бранко Ѓорчев. Музиката е дело на Андреј Белјан, а, кореографија Кренаре Невзати – Кери.

Хамлет (05.04.2011 – вторник, 20:00 часот) од Вилијам Шекспир, во режија на Дејан Пројковски. Главните улоги ги толкуваат: Дејан Лилиќ, Бранко Ѓорчев, Драган Спасов, Катерина Коцевска, Викторија Степановска, Лазе Манасковски, Игор Стојчевски. Музичката подлога е дело на Горан Трајковски, костимите на Благој Мицевски, додека пак, сценографијата на Владо Ѓоревски.



Крвта не е вода (06.04.2011 – среда, 20:00 часот и 09.04.2011 – сабота , 21:00 часот) од Сашо Колоканов, во режија на Сашо Миленковски. На сцената ќе ги видите Иван Петрушевски, Гораст Цветковски, Сашо Коцев, Игор Стојчевски, Билјана Беличанец -Алексиќ.

БААЛ (07.04.2011 – четврток, 20:00 часот) од Бертолт Брехт во режија на Мартин Кочовски, чија премиера се случи минатата недела. Улогите им се доверени на Зоран Љутков, Ванчо Петрушевски, Маја Вељковиќ-Пановска, Игор Ангелов, Ѓокица Лукаревски, Филип Трајковиќ, Јана Стојановска, Марија Стефановска, Ева Скендеровска, Ѓорѓи Тодоровски, Катерина Шехтанска-Лаковски, Валдета Исмаили, Никола Ацески, Денис Абдула, Валентин Костадиновски и Жарко Димоски.

Во рамките на Скопје ТАНЦ Фест 2011, малата сцена на Драмски театар со почеток од 22:30 часот во четврток (07.04.2011) е резервирана за СИНОПСИС – Фјодор М. Достоевски на гостите од Театар Ст. Петербург, Русија.

Како да ја убиеш сопругата и зошто (08.04.2011 – петок, 20:00 часот) од Антонио Амури во улога на Катерина Коцевска и Ѓокица Лукаревски.

Оваа седмица, во соработка со Драмски театар доделуваме по две гратис карти за сите претстави, освен за гостинската Синопсис. Вашете име и презиме испратетени го на gratisi@ilike.mk, а притоа напоменете која од горенаведените претстави би сакале да ја проследите. Доколку сте добитник на гратис билети ќе добиете повратен меил.

Facebook FAN page




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *