Како што најавивме претходно, на 31.03.2011 година премиерно ќе биде изведена претставата БААЛ од Бертолт Брехт во режија на Мартин Кочовски во Драмскиот театар – Скопје. Улогите им се доверени на Зоран Љутков, Ванчо Петрушевски, Маја Вељковиќ – Пановска и Ѓокица Лукаревски. Музиката е дело на Фолтин.
БААЛ е првата поголема драма напишана од германскиот модернист Бертолт Брехт. Драмата прикажува млад расипикуќник кој е вмешан во повеќе сексуални афери и најмалку едно убиство. Брехт драмата ја напишал на свои 20 години, како студент на универзитетот во Минхен, како одговор на експресионистичката драма Осамениот на драматургот Ханс Јост.
Драмата е напишана во прозоидна форма и вклучува четири песни и почетна хорска химна (Химната на Баал Великиот), по мелодија на самиот Брехт. Оваа пиеса Брехт ја напишал со драматуршки техники карактеристични за епскиот театар, што го окарактеризира неговиот подоцнежен период. Драмата ја преработил во 1926 година.
Приказната го отсликува негодувањето на пијан и избезумен поет, БААЛ. Баал е анти – херој кој ги прекршува конвенционалните принципи на буржоаското оптштество. Отпадникот станува херој; тој можеби е криминалец, можеби половина човек, но во претстави како Баал, тој може да биде романтизиран во обратен идеалист, слепо обвинувајќи го општеството во кое живее. Баал безделничи низ околината во која живее, се женкари и тепа. Ја заведува Јоана, која подоцна се самоубива. Ја навредува неговата бремена љубовница Софија и ја напушта. Го убива нејзиниот пријател Екарт и бега од полицијата. Иако ја избегнува казната за неговите дела, Баал на крај се соочува со своите гревови, умира сам во шумска колиба, протеран и напуштен, оставајќи ги зад себе мртвите тела на своите блиски и пријатели.

Роден Оjген Бертолд Фридрих Брехт (10 Февруару 1898 – 14 Август 1956) , е германски поет, драматург, режисер и теоретичар на уметноста. Негови најпознати дела се „Бал“, „Мајката храброст и нејзините деца“, „Просјачки роман“ и „Добриот човек од Сечуан“.
Брехт е епохален театарски работник на 20тиот век, и неговите постигнувања се подеднакво значајни како во драматургијата, така и во театарската продукција, особено преку сеизмичкото влијание на турите кои ги правел Берлинскиот Ансамбл (Berliner Ensemble) – поствоена театарска компанија управувана од Брехт и неговата жена и долгогодишен соработник, актерката Хелен Вајгел.
Студирал природни науки и медицина во Минхен, но набрзо се посветил на театарот. По доаѓањето на нацистите на власт во 1933, заминува во странство. Во емиграцијата делува противнацизмот и милитаризмот и тоа како драматург, писател и издавач. Во 1948 година се враќа во источен Берлин и го основа Берлинскиот Ансамбл. Протестирајќи против неправедноста на современата цивилизација, Брехт започнал со тотална, анархистичка побуна, за подоцна да го прифати марксистичкиот поглед на светот, со кој е силно обоена целокупната негова општествена сатира.
За Брехт, театарот е место на политичко просветлување и агитација: Тој работи на развојот на новите облици на театар кои треба да го потикнат гледачите на размислување и делување. Таквиот театар е епскиот театар а V-ефектот (Verfremdungseffekt) значи разбивање на пречките помеѓу публиката и актерите, како и идејата дека првите мораат да бидат пасивни, а вторите активни. Притоа, познатите работи се прикажуваат во ново [светло] и така упатуваат на контрадикторната стварност, додека делото по пат на коментари и музика се прекинува, што кај гледачот ја уништува секоја илузија.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.
![]()
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!