Top

Репертоар на Драмски театар – Скопје (24.10 – 30.10.2011)

Репертоарот на Н.У. Драмски Театар – Скопје за оваа недела изгледа вака:

ГРЕВ ИЛИ ШПРИЦЕР (26.10.2011 – среда, 20:00 часот). “Грев или шприцер” од Сашко Насев, во режија на Деан Дамјановски. На даските што живот значат ќе можете да ги видите: Драган Спасов, Биолјана Беличанец-Алексиќ, Јана Стојановска/Ана Стојановска, Зоран Љутков, Мартин Јордановски, Роберт Вељановски, Сашо Тасевски, Маја Вељковиќ – Пановска и Билјана Драгичевиќ – Пројковска.

2012 – ПОСЛЕДНИТЕ МАКЕДОНЦИ (27.10.2011 – четврток, 20:00 часот) на авторите Сашо Миленковски, Тихомир Спировски, Велика Стојкова – Серафимовска, Марко Коловски, Бојан Трифуновски, Љупчо Маневски, Снежана Балканска и Венко Серафимов. Во улоги на Билјана Беличанец-Алексиќ, Билјана Драгичевиќ – Пројковска, Трајанка Илиева, Рубенс Муратовски, Зоран Љутков и Игор Ангелов.

КАКО ДА ЈА УБИЕШ СОПРУГАТА И ЗОШТО (28.10.2011 – петок, 20:00 часот) од Антонио Амури во улога на Катерина Коцевска и Ѓокица Лукаревски.



КРВТА НЕ Е ВОДА (29.10.2011 – сабота, 20:00 часот) од Сашо Колоканов, во режија на Сашо Миленковски. На сцената ќе ги видите Иван Петрушевски, Гораст Цветковски, Сашо Коцев, Игор Стојчевски, Билјана Беличанец -Алексиќ.

СОВРШЕНИ ЖЕНИ – Премиера (30.10.2011 – недела, 20:00 часот) од Викторија Анѓушева. На сцената покрај Викторија, ќе ја видите и Душица Стојановска.

На gratisi@ilike.mk пратете го вашето име и презиме, а притоа посочете која од горенаведените претстави би сакале да ја погледнете. Доколку сте добитници на две гратис карти ќе бидете известени по меил. Среќно!!

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *