Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за среда (21.07.2021)

ОВЕН
Вашата моментална состојба бара многу трпение, а вие го немате. Оттаму потекнуваат и недоразбирањата кои имате со околината. Не сакате ништо со сила. Секој човек тешко поднесува пораз, но вие најмногу. Треба да сочувате малку нерви и за подоцна. Гледањето филмови ви го поправа расположението.

БИК
Денес ќе имате исклучително убав ден, особено на љубовен план. Има и припадници на овој знак на кои за љубовта воопшто не им е грижа. па ќе бидат опкружени со луѓе и нешта кои им причинуваат задоволство. Ве очекуваат незаборавни мигови, а колку од нив ќе ви се случат зависи само од вас. Секој човек е ковач на својата среќа.

БЛИЗНАЦИ
Водете сметка да не се изгубите помеѓу многуте планови. Иако сте способни да го решите секој проблем и иако редите успеси на сите страни, треба малку да го успорите темпото и да се свртите кон себе. Тоа е најдобар начин да дојдете до душевен мир, кој повремено ве напушта. Но, вие не сте виновни за тоа.

РАК
Може да се каже дека се наоѓате во тотален хаос, барем кога станува збор за емоции. Оваа состојба веќе станува хронична, а тоа ве прави бесни. Насочете се кон оние животни области во кои сте успешни. Свесни сте дека времето е драгоцено, па затоа редите успеси занимавајќи се со духовни вредности.

ЛАВ
Се чувствувате малку омалаксано, па затоа и ќе има застој во вашите обврски. Пасивни сте, а тоа не е вообичаено за вас. Тоа ни најмалку не ве вознемирува бидејќи вниманието ви е насочено кон нова љубов. Дел од припадниците на овој знак се во тајна врска или пак мечтаат за таква љубов. Фантазијата е одлична компензација за грешките кои ги направивте во последно време. Добитна комбинација е нежен рак.

ДЕВИЦА
Денот не е поволен за решавање работни обврски и склучување договори. Од вас се очекува да бидете потрпеливи и потолерантни од вообичаено. Успехот е на повидок, само треба уште малку да почекате. Во мешувреме посветете се на дружење со пријателите. Спортот е уште едно убаво решение.

ВАГА
Прекрасен ден, зарем не? Конечно можете да им се препуштите на розевите аспекти од животот. На начин својствен само за вас уживате во среќата. Најдовте мир и спокој во себе – тоа ве прави среќни и задоволни. Партнерот ги признава сопствените грешки и ви се извинува. Простете му!

СКОРПИЈА
Се наоѓате во период каде треба да имате многу сила, а вие ја имате на претег. Ја менувате насоката по која се движи вашиот живот, и тоа на подобро. Ќе ги решите проблемите, а на емотивен план ве очекува вистинска позитивна бура. Можеби размислувате за нова, многу поквалитетна врска?

СТРЕЛЕЦ
Се нервирате за секоја ситница, а таа нервоза ја пренесувате и врз вашата околина. Обидете се да ја дознаете причината поради која луѓето ве одбегнуваат. Можни се проблеми со дигестивниот систем, но ништо сериозно. Се однесувате како да сте центар на светот. Корегирајте се и проанализирајте се.

ЈАРЕЦ
Емотивните проблеми ја поминуваат црвената линија и стануваат мошне непријатни. Слабо стоите со толеранцијата кога е партнерот во прашање, па можни се низа вербални испади. Доколку не го смените односот спрема вашиот партнер може да дојдете до големи проблеми. По секоја цена трудете се да ја избегнете ја таа ситуација.

ВОДОЛИЈА
Поминувате прекрасни мигови во друштво на Вага или Бик. Не е ни важно колку долго ќе траат тие моменти. Многу поважно е да уживате во нив и да се растеретите од проблемите кои ве опкружуваат. Доколку ви се случи некоја шармантна Водолија, секако, нема да и свртите грб.

РИБИ
Ви претстојат долгорочни проблеми. Тие се однесуваат на вашата сензитивна природа и на неможноста да се адаптирате кон околината која функционира на дијаметрално различен начин од вашиот. Или обидете се да се прилагодите, или побегнете во некој свој свет. Трето нема.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>