Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за вторник (27.07.2021)

Овен
Без разлика на многу негативни астролошки влијанија, вие фантастично се чувствувате. Не грижете се затоа што се доцни и некои работи се случуваат спротивно на она што го испланиравте. Гледате колку е важен субјективниот став кој влијае на расположението.

Бик
На расположението влијаат многу конкретни случувања. Во фаза сте на стекнување на необични искуства на план на љубовта. Може да ви се случи некој да ве преведе жедни преку вода. Правете се дека тоа не го гледате, бидејќи сакате што подолго да го задржите лажниот привид на среќа.

Близнаци
Не ви е лесно. Многу проблеми се натрупуваат како облаци врз вашиот живот, но тие проблеми пред се се однесуваат на други. Семејството и пријателите прават се да ви го расипат расположението, тие во вашиот живот ја имаат токму таа улога. Не се давајте!

Рак
Моментално е нагласена вашата потреба за удобност и уживање во ситници. Тоа настојувајте да го спроведете во дело. Доколку некој се обиде да ве спречи, можни се напади на нервоза и конфликти. Јасно давате до знаење што сакате.

Лав
Тешкотиите при воспоставувањето на контактите со околината се последица на пречувствителноста. Морате да се изборите со таа мана доколку сакате нормално да функционирате. Сами не можете, а во друштво лошо се чувствувате. Чувствувате дека никој не ве разбира.

Девица
Одличен ден за склопување договори и деловни реформи. Се ќе биде поуспешно отколку што замислувавте. Доколку сте свртени кон љубовта и уживањето, на тоа заборавете барем денес. Само така ќе постигнете рамнотежа на телото и духот.

Терезија
Романтиката стапува на сцена. Доколку не успеете практично да ја остварите, постојат и други начини да функционирате во таа насока. Гледајте љубовни филмови и слушајте музика. Ќе ви се поправи расположението. Секогаш треба да барате компензација за она што го немате.

Скорпија
Иако немате конкретни причини, се чувствувате тешко и не гледате излез од моменталната ситуација. Решението сепак постои. Вооружете се со трпение и спремете се за тешка работа. Занемарете ја емотивната страна доколку сакате да избегнете уште поголеми компликации

Стрелец
Денес може да ви се случат неочекувани важни настани кои ветуваат поволен исход. Добивате деловна сатисфакција, но таа не ве прави среќни. Бидејќи сте нескромни, ситуацијата ни од далеку не може да ги задоволи вашите апетити. Станете малку поскромни.

Јарец
Веќе подолго време сте под добри астролошки напливи, но за тоа не сте свесни. Вашиот проблем е тоа што не верувате во себе, ниту пак во тајниот јазик на ѕвездите. Морате да бидете што поупорни и посигурни, тоа го бараат моменталните околности.

Водолија
Не можете на ништо да се пожалите. Се веќе подолго време во оди од рака. Доколку искрснат емотивни проблеми, тоа е нормална појава со оглед на вашите ставови врзани за слободата. Само Близнак би бил во можност да ја задоволи вашата желба.

Риби
Полни сте со енергија кога вашите интереси се во прашање. Ништо не ви е. Штом околината од вас нешто ќе побара, кога морате да се жртвувате за други, веднаш ви паѓа тешко. Поради што сте толку себични кога тоа не ви е својствено? Не претерувајте.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>