Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за среда (14.07.2021)

ОВЕН
Истакнати се социјалната природа и желбата за комуникација. Пријатно се чувствувате бидејќи сте задоволни со сите сегменти од животот. Ви прилега дружењето со Близнаци, кои се динамични и ведри. Партнерот пробува да ве изненади, но ако не успее, не се разочарувајте. Тој неизмерно се трудеше.

БИК
Ве посетува една Риба, а со самото присуство чувствувате дека воопшто не е избришана од вашето срце. Потребна и е вашата помош и некој мудар совет. Бидејќи на материјален план се случуваат непријатности, денот може да биде убав само ако се потпрете на духовноста и уметноста.

БЛИЗНАЦИ
Морате да бидете објективни спрема себеси ако сакате да го извлечете максимумот од моменталната ситуација. Се јавува желба за наметнување на нештата за кои не сте квалификувани. Истото може да резултира со нарушување на односите со блиската околина.

РАК
Целиот ден се одвива во преиспитување на системот на вредности. Можеби шопингот е начин за да компензирате со незадоволството. Имате желба да потрошите пари, но истовремено и да заштедите. Изберете нешто, тука нема средина. Умереноста може да биде вистинската солуција.

ЛАВ
Прекрасно се чувствувате, најмногу поради успешно завршениот бизнис проект. Ве очекува напредок во работата, но и успех доколку тргнете кон правење договор. Би требало во периодов да ја доживеете љубовта на својот живот или да ја разбудите веќе постоечката врска.

ДЕВИЦА
Здравствената ситуација не е на завидно ниво, но и не е толку лоша и загрижувачка. Добро ќе биде ако не донесувате значајни одлуки и потези, туку, мирно и што повеќе пасивно да го поминете денот. Можеби прошетка во друштво со Лав или Скорпија? Пробајте, немате што да изгубите.

ТЕРЕЗИЈА
Ако бидете разумни и не се оптоварувате со ситни нешта, ќе биде се во ред. Ќе успеете, пред се, да владеете со самите себеси, а потоа со другите. Во спротивно, нервозата ќе ве следи каде и да одите. Новото работно место е под контрола. Можност за признание.

СКОРПИЈА
Важно ви е околината да ги цени вашите напори за она што моментално го работите, па тешко на оној што ќе се спротивстави на вашите квалитети. Можни се судири и недоразбирања ако некој се обиде да ве потцени. Целата енергија ја фокусирате на работата и статусот. Нема време за љубов.

СТРЕЛЕЦ
На проблемите гледате крајно субјективно. Причина за чувствителност, кога подобро ќе размислите, немате, но тоа е посилно од вас. Можни се здравствени проблеми, но ќе ги елиминирате доколку навремено преземете конкретни потези. Пат во странство ќе ја подобри финансиската ситуација.

ЈАРЕЦ
Пречувствителни сте речиси во секој поглед. Се нервирате поради најмали ситници, спремни да експлодирате во секој момент. Бидејќи тоа никаде не ве води, пробајте да ги зачувате нервите и да ја намалите напнатоста. Подобрете ги односите со партнерот, пријателите и целото семејство.

ВОДОЛИЈА
Иако преферирате да работите во тим, сепак, сакате да биде се’ по ваше. Нервирањето и судирите ќе надвладеат доколку не попуштате. Морате да се одлучите помеѓу толеранцијата и самотијата. Нема средина. Со партнерот ве очекуваат пријатни моменти, иако не ги исполнува вашите желби.

РИБИ
Се советува умереност во работата. На мета е нервниот систем. Беспотребно ги оптоварувате соработниците со прекумерната желба за доминација. Тоа највеќе влијае на една Терезија, со која може да имате спротиставени мислења, но ќе излезете како победник. Емотивни несогласувања.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>