Ханг Сон Дунг е гиганста пештера, сместена во густите шуми на Виетнам. Поточно, таа се наоѓа кај Анамските планини, под националниот парк „Фонг На-Ке Банг“, крај самата граница со Лаос. Во реонот околу неа има уште 150 пештери, а многу од нив сеуште не се проучени.
Ханг Сон Дунг е една од поновооткриените пештери. Нејзината височина достигнува 240 метри, а широка е 150 метри. Се наоѓа во најнепроодните терени на Виетнам. Пештерата е покриена со џунгла и за да ја видите треба да бидете во нејзина непосредна близина. Нејзиниот влез е мошне мал (висината изнесува 10 метри, а ширината 30 метри) и низ него се слушаат застрашувачки звуци. Токму тоа ги натерало локалните жители да се плашат и да ја избегнуваат.
Ханг Сон Дунг е откриена во 1991 година од виетнамскиот водач Хо Хан од селото Фонг На, а потврдена од Британско-Виетнамска експедиција во 2009 година после 6-часовно одење во џунглата. Спалеонтолозите успеале да истражат 4 километри од пештерата пред да бидат запрени од 60 метарски ѕид од калциум. Над неа навирала бледа светлина и јасно се гледало дека сеуште има простор. Неуспевајќи да ја поминат таа пречка, тврдоглавите спалеонтолози следната година се вратиле со потребната опрема и персонал и така наишле на најголемата пештерска галерија во светот, каде што дотогаш не стапнала човечка нога.
Одличното видео во продолжение е снимено со неколку апарати од линијата на „Canon“, а бил ангажиран и дрон. Автор е Рајан Дебудт.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!