Top

Мото-клуб “REAPERS MK”

Мото-клубот “REAPERS MK Skopje” е оформен на 08.04.2012 година од страна на Иван Нешев и Столе Стаменковиќ – Џим. Идеологијата на клубот е правилно негување на мото-културата и промовирање на бајкерскиот стил на живот. Клубот носи сопствени бои и е поддржувач само на “LONE KNIGHTS MCMacedonia”.

REAPERS MK како клуб не функционира како единка туку како БРАТСТВО.Во него не се важни материјалните вредности или статусот во општеството, кој од каде доаѓа и непостои определена старосна граница за членство. Во REAPERS MK најзначајни и највреднувани особини се: ЛОЈАЛНОСТА, ЧЕСНОСТА, ИНТЕГРИТЕТОТ, ИСКРЕНОСТА и ПОЧИТТА, особини кои се сепомалку присутни меѓу луѓето. Секој оној кој смета дека неговото место е меѓу нас, вратите од клубот се широко отворени за било кој што ќе биде доследен на правилата, идеологијата и бајкерскиот начин на живот. Да се биде бајкер не значи да поседувате мотор и да возите само колку да бидете видени низ улиците или моторот да го гледате само како обично превозно средство. Да се биде бајкер е повеќе од зборови и дела, повеќе од изминати километри, повеке од стил на облека, да се биде бајкер е начин на живот.Значи да го живееш животот ТИ како што сакаш без ограничувања и да застанеш решително и цврсто позади она кое си го кажал без оглед на последиците. Со само едно правило СИТЕ ЗА ЕДЕН, ЕДЕН ЗА СИТЕ тоа е единствената дефиниција за БРАТСТВО.

Во иднина “REAPERS MK” ќе остане горд и доследен на своите правила, вредности и карактеристики. Велат „Сите сме жртви на сопствените избори“ ние го направивме нашиот избор… ред е на ВАС.


Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *