Top

Мото-клуб “REAPERS MK”

Мото-клубот “REAPERS MK - Skopje” е оформен на 08.04.2012 година од страна на Иван Нешев и Столе Стаменковиќ – Џим. Идеологијата на клубот е правилно негување на мото-културата и промовирање на бајкерскиот стил на живот. Клубот носи сопствени бои и е поддржувач само на “LONE KNIGHTS MC -Macedonia”.

REAPERS MK како клуб не функционира како единка туку како БРАТСТВО.Во него не се важни материјалните вредности или статусот во општеството, кој од каде доаѓа и непостои определена старосна граница за членство. Во REAPERS MK најзначајни и највреднувани особини се: ЛОЈАЛНОСТА, ЧЕСНОСТА, ИНТЕГРИТЕТОТ, ИСКРЕНОСТА и ПОЧИТТА, особини кои се сепомалку присутни меѓу луѓето. Секој оној кој смета дека неговото место е меѓу нас, вратите од клубот се широко отворени за било кој што ќе биде доследен на правилата, идеологијата и бајкерскиот начин на живот. Да се биде бајкер не значи да поседувате мотор и да возите само колку да бидете видени низ улиците или моторот да го гледате само како обично превозно средство. Да се биде бајкер е повеќе од зборови и дела, повеќе од изминати километри, повеке од стил на облека, да се биде бајкер е начин на живот.Значи да го живееш животот ТИ како што сакаш без ограничувања и да застанеш решително и цврсто позади она кое си го кажал без оглед на последиците. Со само едно правило СИТЕ ЗА ЕДЕН, ЕДЕН ЗА СИТЕ тоа е единствената дефиниција за БРАТСТВО.

Во иднина “REAPERS MK” ќе остане горд и доследен на своите правила, вредности и карактеристики. Велат „Сите сме жртви на сопствените избори“ ние го направивме нашиот избор… ред е на ВАС.


Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>