Top

Кампување со стил во VW Transporter

За сите љубители на кампувањето и престојот во природа, еве нешто ново од Volkswagen, наречено VW Transporter Double Back. Претставува модификација на класичниот VW Transporter и има една единствена цел – да овозможи поголем комфор при престојот во природа. Она што е специфично и различно од претходните верзии на ова возило е можноста да се проширува, односно благодарение на т.н. “double back” да се извлече во должина со што се добива дополнителен внатрешен простор.Со таквото извлекување, внатре се добиваат две целини од кои едната е дефинирана со дневен престој, минимална кујна и трпезарија, а другата претставува комотен кревет за спиење. Луѓето од VW во осмислувањето на ова возило не заборавиле на фактот дека внатре, посебно во делот за дневен престој, има потреба од висина на просторот за да може човек без проблем да се исправи. Добивањето на поголема висина го решиле со поставување на еден вид “кровен шатор” односно капак кој се отвара и паралелно оптегнува церада, така што висината во највисокиот појас на кровот достигнува висина на просечна соба. Овој кровен додаток има транспарентни делови, кои имитираат прозорци и внесуваат дополнителна светлина во внатрешноста со што и визуелно го зголемуваат просторот.

Самата идеја на креаторите уште при почетните скици била да се изработи возило кое ќе ги овозможи најосновните услови за убав и пријатен престој во природа, без “hi-tech gadgets” и непотребни додатоци. Резултатот од идејата погледајте го сами.



Автор: Вања Кочовска

Сакате да објавите статија на iLike.mk? Пишете ни на contact@ilike.mk.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>