Кога станува збор за бизнис, „S“ класата од своето појавување, па сè до денес е вистински шеф. Таа се одликува со прв вграден airbag и прв вграден esp систем. Сето она што го има во „S“ класата, во комерцијалните возила ќе го има после неколку години. Моторот е веќе познат, 5.5 литри V8 Biturbo, со 585 коњски сили и 900 Nm. Просечната потрошувачка изнесува 10,3 литри на 100 км. Варијантата со погон само на задните тркла од 0-100 км забрзува за 4,4 секунди, а со погон на сите тркала или 4 matic за 4 секунди. Со тоа веќе „S“ класата не е само луксузен седан туку и супербрз автомобил.
Конкуренцијата треба да се помири со фактот дека Mercedes S 63 AMG е шефот!
Автор: Горан Јовановски
Сакаш да објавиш статија? Контактирај нè!
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!