Италијанскиот производител на автомобили „Ferrari“ ги обелодени првите фотографии од долгоочекуваниот „Ferrari California T“ модел, или како што беше неговиот работен наслов „Mistery 149M Project“. Неговата светска премиера е најавена за време на одржувањето на авто-саемот во Женева.
Новиот убавец ќе го движи 3,8-литарски турбо мотор V8, кој ќе обезбеди 15 проценти пониска потрошувачка на гориво, но и поголема моќ за цели 70 коњски сили, или вкупно 553 коњски сили. Забрзување од 0 до 100 km/h ќе се постигнува за неверојатни 3,6 секунди. Цената на моделот ќе изнесува околу 200.000 евра.






Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!