Бидејќи слајд-проекторите се гломазни и застарени, а дигиталните проектори чинат многу, ние во рамки на категоријата „Направи сам“, ќе ви покажеме како вашиот телефон да го претворите во проектор.
Проектот е лесен за изработка и мошне интересен. И нема да ви одземе многу време.
Работи кои ви се потребни:
- Празна кутија од чевли
- Лупа
- Изолир
- Спајалица
- Скалпел
- Молив
- Смарт телефон
ЧЕКОР 1: Кутијата за чевли е првиот елемент кој ќе ви послужи за изработка на домашниот проектор. Доколку внатрешноста на кутијата е со светла боја, тогаш бојадисајте ја црна бидејќи само така ќе го добиете посакуваниот ефект. Кога кутијата ќе ја подготвите, на нејзиниот страничен дел обележете круг во големина на лупата.
ЧЕКОР 2: Исечете ја кутијата внимателно, точно колку големината на лупата.
ЧЕКОР 3: Доколку лупата има рачка, отстранете ја. Залепете ја лупата внимателно околу целиот раб. Осигурајте се дека леќата е добро залепена и дека нема дупчиња помеѓу неа и кутијата од кои би се пропуштала светлина.
ЧЕКОР 4: Направете го држачот за вашиот мобилен телефон.
ЧЕКОР 5: Кога светлината минува низ леќата таа се превртува. Па, затоа потребно е да го ротирате екранот на вашиот мобилен. На пример: за iPhone одете во Settings > General > Accessibility и вклучете AssistiveTouch.
ЧЕКОР 6: За да го најдете фокусот потребно е мобилниот телефон да го придвижувате нанапред или наназад, сè додека сликата не се подеси перфектно во фокусот.
Уживајте во вашата креативност и успешност!
Автор: Богољуб Кујунџиќ
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!