Top
Knigi-za-esen-2014

Три книги кои мора да ги прочитате претстојнава есен

Есента е сезона во која поголем број часови поминуваме во нашиот дом.

Па, затоа искористете го времето поминато меѓу 4 ѕидови за да ги прочитате овие 3 книги:

„Бејбивил“ – Џејн Грин

Бебиња – слатки мали суштества (но, за кого како). Некои очајнички ги посакуваат, а не ги добиваат, некои ги посакуваат, ама ги добиваат сосема случајно, некои пак, воопшто не ги ставаат во агендата на својот живот, а сепак ги добиваат. Ех…

Како и да е, планирани или не, имаат неверојатна моќ да сменат сечиј живот и сечии планови и ставови уште пред да дојдат на свет. Џулија е една прекрасна, ведра, позитивна девојка со исклучителна кариера. Таа има многу пријатели и најважното – одличен маж покрај себе, премногу добар за да биде реален. Накусо, секој би посакал да е на нејзино место.

Но, не е злато сè што сјае, нели?

„Чоколадо“ – Џоана Харис

Вилијан Роше заедно со својата ќерка Анук на денот кога има карневал се наоѓаат во француското село Ланскенет и по наговор на својата ќерка одлучува да останат во тоа мирно француско село.

Изнајмуваат куќа која преходно била пекара, ја средуваат и отвораат продавница за чоколади. Меѓутоа, продавницата се наоѓа наспроти црква и токму на денот на отворањето започнуваат големите Велигденски пости.

Отецот Рено препознава во продавницата сериозна опасност и нејзините производи ги прогласува за смртен грев. Но, и покрај тоа, во продавницата доаѓаат жителите за да уживаат во нејзините специјалитети и набрзо тоа е место каде што се шепотат огромните тајни, се остваруваат соништата и се олеснува болката.

„Заедно“ – Џоди Пико

Семејствата Хард и Голд живеат едно до друго веќе осумнаесет години, делејќи сѐ, од малата сипаница до возењето на децата на училиште. И децата, како родителите, се најдобри пријатели, така што никој не е изненаден кога, во средно училиште, пријателството помеѓу Крис и Емили прераснува во нешто повеќе. Тие се сродни души уште од мали нозе.

Точно на полноќ, кога почнуваат да пристигаат телефонски јавувања од болницата, сите се изненадени од ужасното сознание: Емили е мртва во својата седумнаесетта година поради повреда на главата, при спогодбено самоубиство. Во цевката на пиштолот останал уште еден куршум, за кој Крис тврди пред полицијата дека го наменил за себе, но локалниот инспектор се сомнева во неговата изјава. Во еден застражувачки момент, Хартови и Голдови мораат да се соочат со најголемиот страв на секој родител: колку го познаваме сопственото чедо?




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>