Американската фотографка Џејд Бел направила низа фотографии од жени кои родиле со цел да покаже како навистина изгледа женското тело во реалноста, без употреба на фотошоп или било какви фото-манипулации. Нејзината цел е да го промени убедувањето дека по породувањето, жените веднаш треба да ја вратат старата линија.
Фотосесијата е инспирирана од бројни мајки и трудници кои сакаат да се фотографираат и не се срамат од своите несовршености.
Се соочуваме со вистинска епидемија од жени кои сметаат дека по породувањето не се повеќе убави. Тие не успеваат веднаш да ги симнат килограмите и да ги прикријат трагите од породувањето, а тоа го доживуваат како личен неуспех.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!