Top
Havana-iLike-mk-F

„Шетајќи по живописната Хавана“ – Фотосторија на Том Блачфорд

Фотографот Том Блачфорд одлучил да нè прошета по улиците на Хавана со помош на неговите одлични фотографии. Тој, при својата туристичка посета на Хавана, реализирал навистина одлични фотографии од традиционалните објекти со испукани ѕидови, ретро автомобилите и светлите и јаки бои кои се заштитен знак на главниот град на Куба.

КУСА ИСТОРИЈА
Хавана е главен град на Куба, а воедно и најголем по поввршина и број на жители. Хавана се наоѓа на околу 160 километри југозападно од Ки Вест на Флорида Киз.

Конквистадорот Диего Велазкез де Куелјар ја основал Хавана во 1515 година, на јужниот брег на островот, блиску до денешниот град Сиргидеро де Батабано. Градот Хавана бил преселен на сегашната локација (тогаш позната како Карењас) во 1519 година.

Хавана била трговско пристаниште, а главен град на шпанската колонија Куба станала во 1607 година, како и главно пристаниште на шпанските колонии во Новиот свет.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>