Фотографот Анџело Мерендино одлучил да ги документира сите фази од битката со ракот на дојка на неговата девојка Џенифер. Фотографијата била единствен начин да ја поддржи во тој пеколен пат, но и да ја овековечи нивната љубов. Американецот Анџело вели:
Се запознавме сосема случајно кога имавме 20 години и веднаш започнавме врска. По само 5 месеци, на Џенифер ѝ беше дијагностициран тежок вид на рак на дојката. Едноставно, знаевме што нè чека. Се трудев да ѝ го направам секојдневието порозово, бев со неа во секој момент. Пред моите очи се случуваа сите фази од развојот на оваа фатална болест, од дијагностицирањето, преку операциите и негативните ефекти од терапијата, ужасните болки до…
Фотографиите вечно ќе сведочат за 19 години кои ги поминавме заедно.
Почивај во мир, мила моја!
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!