Во шаренилото на концепт дизајни наменети исклучиво за потребите на еден тинејџер, не помина незабележана креација на бразилскиот дизајнер Roberta Ramme, наречена “Wave Chaise“. Еве како таа со свои зборови го доловува она што сакала да го постигне при осмислувањето на овој креативен потег: “Замислете да можете да го облечете мебелот… Дали би го облекле со интензивни бои, вградена технологија и нова креативна линија на неговата конструкција? Како и во модата, формулата за универзална убавина на креацијата е да изгледа примамливо, да биде комфорна и најважно, да биде фунционална. Овој концепт дизајн овозможува да гледате ТВ или ДВД, да слушате музика, да ја читате омилената книга, да зборувате по телефон, да сурфате по интернет, да учите или едноставно, да поспиете. Мултифункционалниот дизајн на столицата за одмор (“lounge chair”) инспирација црпи од потребите и интересите на денешниот тинејџер и од стандардите кои ги диригира ова hi-tech култура, каде пристапот до технологија е лесен и релативно ефтин.“
Погледајте за што станува збор!



Автор: Вања Кочовска
![]()
Сакате да објавите статија на iLike.mk? Пишете ни на contact@ilike.mk.
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!