Top

Би се одлучиле ли за вакво парче мебел?

Линијата и дизајнот на овие парчиња на прв поглед сигурно ќе ве потсетат на распеаниот мебел од анимираниот филм “Убавицата и Ѕверот”. И откако ќе го надминете чувството на восхитеност дека некој всушност тоа успеал да го осмисли и да го изработи од дрво, следно мисла сигурно би ви била – колку е сето тоа функционално и дали сакате ваков акцент во вашиот дом?

Се работи за линија производи наречена “Dust Furniture“, изработена од брачниот пар Винсент и Џеси Леман. Идејата започнала да се развива во 2005 година, кога пробале да го модифицираат традиционалниот мебел за да добијат своја, препознатлива линија и стигнале до степен на апстракција, изработувајќи парчиња кои делуваат како да се застанати во времето и просторот, фатени при некое движење и оставени така да стојат засекогаш. Уметноста и умешноста кај изработката на овој мебел не е само во идејата и исцртување на скицата, потребно е познавање на основните принципи на дизајнот и елементите: линија, форма, движење, боја, контраст и рамнотежа. Сите овие работат заедно за да се добие финалниот продукт, кој е примамлив, функционален и полн со живот. Секое парче мебел од “Dust Furniture” е уникатно, изработено исклучиво по нарачка и класифицирано во една од неколкуте категории: “заглавени” шкафови, плакари, библиотеки, масички, акценти и часовници.

Еве дел од богатата понуда:



Автор: Вања Кочовска

Сакате да објавите статија на iLike.mk? Пишете ни на contact@ilike.mk.

Станете наш facebook фан.




2 Коментари

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *