Top

“Свилениот пат” на Карим Рашид

Понатиот дизајнер со потекло од Египет, Карим Рашид, за потребите на новоотворениот ресторан во склоп на хотелот Vdara, во Лас Вегас, создаде еден неверојатен амбиент. Тргнувајќи од неговото име “Silk Road” (“Свилен Пат”) инспирацијата ја црпи токму од свилата, од нејзиното специфично преливање и дискретната сјајност која ја дава овој материјал при контактот со светлина, како и самата сензуалност и софистицираност која зрачи од готовите продукти од свила.

Ресторанот е претежно монохроматски, преовладува најмногу златно-жолтата боја, а исклучок на овој третман прават парчињата мебел во јаки бои, поставени на одредени фокусни точки во просторот. На преградите се втиснати дискретни линии на флорални мотиви со индустриска естетика, а не може, а да не се забележи дека во овој ресторан нема ниту едно парче мебел со остри агли…секој елемент има свое заоблување, што уште повеќе ја зголемува мистичноста на амбиентот, ја доловува свилата со нејзнината нежност и формите кои една свилена ткаенина природно би ги оформила при движењето на истата. Во целиот простор преовладува хармонија, зелената боја на столовите совршено се вклопува со златно-жолтите ѕидови, а скриените огледала и пригушената светлина оставаат впечаток на постојана транспарентност , што му дава дополнителен гламур на ова место. Секој детал е внимателно осмислен, а органскиот третман со заоблени линии започнува уште од влезната врата, која како да вели: “Добредојдовте!“.



Автор: Вања Кочовска

Сакате да објавите статија на iLike.mk? Пишете ни на contact@ilike.mk.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *