Top

Практичен сет за долгите летни денови

Компанијата за производство на мебел Dedon, како дел од својата богата понуда, нуди еден необичен сет од 4 столици и масичка, идеални за вашата градина, летниковец или тераса. Дизајнот е едноставен, а необичноста е во нивното модуларно склопување во една целина, инспирирана од предисториските артефакти, од каде потекнува инспирацијата и името на овој сет – “Obelisk Chair Set“. Со расклопувањето добивате комфорни столици за седење и практична масичка, изработени од синтетички влакна, а со склопувањето на овие елементи, добивате скулптура во просторот, со минимална зафатнина и дискретна естетика. Одлично осмислено!



Автор: Вања Кочовска

Сакате да објавите статија на iLike.mk? Пишете ни на contact@ilike.mk.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *