„Suppakids“ е новоотворен бутик за детски чевли во Штутгарт, Германија. Просторот е уреден минималистички, но изгледа мошне впечатливо. Речиси сите елементи се изработени од дрво на кое е задржан природниот тоналитет, а вистинско освежување се деталите со небесно сина и жолта боја.
Природниот амбиент е продолжен со изборот на топло-бели ЛЕД светилки, како и гранитниот под.
Целиот концепт го потпишува архитектонското студио „ROK“ од Швајцарија.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!