Замокот кој ќе имате можност да го погледнете во продолжение датира од средина на 19 век и се наоѓа во срцето на Лондон. Архитектите Leigh Osborne и Graham Voce успеале да го претворат овој замок во супер модерно живеалиште. Тие на постојната основа додале два елементи изработени од алуминиумски панели и стакло. Од едниот елемент е изведена собата за дневен престој со исклучително убав поглед кон градот, а пак, на другиот елемент се поместени две покриени тераси, како и една отворена кровна тераса. Внатрешноста на замокот е целосно реорганизирана и адаптирана според потребите на станарите.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!