Креативниот тим на американското архитектонско студио „Belzberg“ проектирал луксузна резиденција, која совршено се вклопува во егзотичното окружување. Резиденцијата „KONA“ е голема 743 метри квадратни, а архитектите ја опишуваат како „драматична“ поради нејзината динамична надворешна форма. Реализацијата се одвивала од месец март до месец октомври 2010 година. Од едната страна на објектот можат да се гледаат старите вулкански масиви, додека пак, од другата страна, гостите уживаат во бесконечното океанско синило.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!