Top
lubenica

Зошто треба да јадеме лубеница?

Лубеницата е убедливо најомилено летно овошје. Освен што е одлична за освежување во текот на жешките летни денови, таа крие бројни благодети за нашето здравје.

  • Лубеницата му помага на телото да се ослободи од токсини. Тоа се случува благодарение на органското соединение цитрулин и аминокиселините кои ги филтрираат црниот дроб и бубрезите од акумулираниот амонијак.
  • Ова сочно овошје има исклучително висока хранлива вредност. Дури и до 92% од нејзината содржина е вода, во 100g има само 30 калории, додека остатокот од нејзиниот состав го сочинуваат витамини А, Б1, Б6 и минералите калиум и магнезиум.
  • За оние кои имаат ниско либидо, лубеницата е идеална храна. Цитрулинот ги опушта крвните садови со што директно влијае врз либидото. Вo 120g лубеница има околу 150mg цитрулин.
  • Црните семки се богати со магнезиум, фосфор и калиум и пожелни се за прочистување на бубрезите. Чајот од семки од лубеница е особено ефективен кога станува збор за проблеми со камен во бубрег, бидејќи истиот го разбива.
  • Витаминот А е неопходен за одржување на здравјето на кожата. Во 100g лубеница има 560mg природни антиоксиданси, кои заедно со витаминот Ц, ликопенот и бета-каротенот го спречуваат штетното влијание на слободните радикали во телото.
  • Летната кралица изобилува со голема количина на витамин Б6, тиамин, витамин Ц и манган. Храната богата со витамин Ц го зајакнува имунолошкиот систем, а манганот има особено значење во одржување на здравјето на кожата и коските.



Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *