Портокалот има многу предности за целокупниот организам, па затоа секој ден да јадете барем по еден.
Го зајакнува имунитетот
Портокалот има високо количество на витамин Ц кој го стимулира производството на бели крвни зрнца во организмот, а со тоа се зајакнува имунолошкиот систем.
Спречува рак
Витаминот Ц кој го има во портокалите делува и како антиоксиданс. Портокалите, како и сите останати цитруси, содржат Д-лимонен, а тој ефикасно го спречува развојот на одредени видови на рак како што е ракна кожа, дојка, граден кош, дебело црево и уста.
Го намалува холестеролот
Еден од најважните флавоноиди кој го има во портокалот, хесперидинот, го намалува нивото на лошиот холестерол во организмот. На тој начин ќе се заштитите од срцев удар и од останатите кардиоваскуларни болести.
Ги ублажува воспаленијата
Портокалите имаат и антивоспалително дејство, односно помагаат при ублажување на болките во случај на артритис и вкочанетост на мускулите и зглобовите.
Сјајна кожа
Антиоксидантите кои ги има во портокалите ја заштитуваат кожата од штетните делувања на слободните радикали за кои е познато дека го забрзуваат процесот на стареење на кожата.
Го регулираат варењето на храната
Портокалите се богати со хранливи влакна кои ги стимулираат желудечните сокови и спречуваат запек.
Правилен развој на мозокот
Покрај другото, портокалите се одличен извор на фолати и фолна киселина кои влијаат врз правилниот развој на мозокот. Затоа на бремените жени особено им се препорачува редовно да консумираат најмалку еден портокал дневно.
Одлични се за видот
Богати се со хранливи состојки како што е витаминот А, витаминот Ц и калиумот кои се одлични за очите.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!