Top
indiski-orevi

Зошто да јадете индиски ореви?

Индискиот орев (Anacardium occidentale) е мало зимзелено дрво, чија најголема висина е 12m. Потекнува од Бразил, а поради својот вкусен плод денес се одгледува во многу тропски подрачја. Неговото семе има облик на бубрег, а најчесто се одгледува во Индија, Кенија и Танзанија.

Индискиот орев е исклучително хранлив, бидејќи изобилува со протеини и есенцијални витамини и минерали како бакар, калциум , магнезиум, железо, фосфор, калиум и цинк. Тој содржи многу повеќе масти од другите орашасти плодови. Две третини од мастите во индискиот орев се незаситени масни киселини, а 75% од тие незаситени масни киселини ги сочинува олеинска киселина (ја содржи и маслиновото масло, а позната е по своето благотворно дејство врз здравјето на срцето).

Позитивно делуваат на дијабетесот, помагаат во намалување на нивото на триглицериди и заштитуваат од понатамошни компликации поврзани со високо ниво на шеќер и холестерол. Нивното редновно консумирање го намалува ризикот од појава на дијабетес тип 2. Индиските ореви се одличен извор на антиоксиданси, а обезбедуваат и фосфор кој е неопходен за здрав развој на забите и коските.

Многу често се препорачуваат токму индиските оревчиња како дел од здрава диета за слабеење. Тие не содржат холестерол, богати се со диетални влакна и даваат многу енергија. Умереното консумирање на оваа намирница во текот на диетата дава чувство на ситост и задоволство. Содржат и цинк, кој игра важна улога во зајакнување на имунолошкиот систем.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>