Top
Cia-seme

Зошто да јадете чиа семе?

Чиа семето е синоним за здрава исхрана. Покрај тоа што можете да го додадете во јадења и салати, чиа семето се додава и во разни рецепти за смути, овесна каша, а од него се прави и пудинг. Благодарение на хранливите материи, семките од чиа го добија епитетот суперхрана поради неколку причини:

Богата со хранливи материи
Две лажици чиа семе содржат 138 калории, 4,7 грама протеини, 9,8 грама влакна, 14% од дневните потреби за калциум, 12% од дневните потреби за железо, а исто така содржат магнезиум, фосфор, цинк, омега 3 масни киселини како и витамини од групата Б.

Антиоксиданси
Овие семиња се одличен извор на антиоксиданси кои ги неутрализираат слободните радикали и го штитат нашиот имунолошки систем. Антиоксидансите во чиа семето имаат особено благотворно дејство на срцето и црниот дроб, го регулираат крвниот притисок и имаат антиканцерогени својства.

Губење вишок килограми
Благодарение на влакната и протеините, чиа семето се препорачува во секоја диета, особено за луѓето кои сакаат да ослабат. Диететските влакна поволно делуваат на согорувањето на калориите, а не прават сити долго време, па немаме напади на глад.

Здравје на коските
Овие семиња содржат и голем број хранливи материи кои ги одржуваат коските силни и здрави, вклучувајќи калциум, фосфор и магнезиум.

Нивото на шеќер во крвта
Истражувањата покажаа дека чиа семето го регулира нивото на шеќер во крвта, а се претпоставува дека тоа се должи на количината на влакна.

Тие лесно се вклучуваат во исхраната
Бидејќи вкусот е речиси незабележлив, овие семки можете лесно да ги додадете во секое јадење, почнувајќи од чорби, преку смути и колачи. Може да се јадат и сирови или натопени во вода, млеко или сок. Поради тоа што ослободуваат слуз што се згуснува, чиа семките се одлични и при подготовка на здрави сладоледи и пудинзи.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>