Top
Zhenska-masturbacija-iLike-mk

Благодетите на женската мастурбација

Квалитетен сон, подобро расположение, здрава матка се само дел од благодетите кои произлегуваат од мастурбацијата кај девојките, односно жените. Бројните истражување сè повеќе ги истакнуваат добротворните аспекти на самозадоволувањето кај жените.

ИНФЕКЦИИ
Мастурбацијата не само што помага во спречувањето на инфекции на грлото на матката, туку и благотворно делува и на инфекциите на уринарниот тракт.
Докажано е дека мастурбирањето го намалува ризикот од рак на простата кај мажите, но најновите истражувања говорат дека истото е добро и за жените во контекст на намалување на ризикот од рак на матката.
Мастурбацијата ја олеснува болката што се јавува при инфекции на уринарниот тракт и го подобрува исфрлањето на бактерии.

ДИЈАБЕТИС И ЗДРАВО СРЦЕ
Мастурбацијата се поврзува и со кардиоваскуларното здравје, како и намалување на ризикот од појава на дијабет од типот 2.

НЕСОНИЦА
Мастурбацијата е еден од најдобрите природни лекови против несоница. Многу жени, сосема несвесно, мастурбираат после напорниот работен ден. При мастурбација се ослободува допамин – невротрансмитер.
После доживеаниот оргазам се ослободуваат окситоцин и ендорфин поради кои кај жената се јавува смиреност што овозможува таа да заспие без никаков проблем.

СТРЕС
Благодарение на хормоните кои се лачат во текот на мастурбацијата во женскиот организам се намалува нивото на стрес, како и последиците од него. Хормоните на депресија и лошо расположение се заменуваат со хормонот на среќа. Истражувањата велат дека мастурбацијата го намалува емотивниот стрес, како и лошото расположение.




1 Коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>