Луѓето се целосно зависни од внесот на витаминот Ц преку исхраната, а витаминот Ц исто така не може да се депонира во организмот. Тој е растворлив во вода и секое количество кое не може да се искористи веднаш се исфрла од организмот. Пушачите како и старите лица имаат намалени концентрации на витамин Ц. Стресот е поврзан со дефицит на витамин Ц, исто и некои медицински и хируршки процедури. Тежок дефицит на витамин Ц доведува до појава на скорбут, болест која во XVII век била честа кај патниците на бродови поради недостаток на свежо овошје, и други извори на витамин Ц од исхраната.
Витаминот Ц е важен за превенција на болести и за одржување на здравјето.
Многу видови на овошје и зелнчук, се богати со витамин Ц. тука спаѓаат: црвената пиперка, гуава, сок од портокал и црна рибизла, исто така добри извори на витамин Ц се јагодите, папајата, лимони, киви, брокула, домати итн.
Конзумирањето на 5 до 9 порции овошје или зеленчук во текот на денот, ги обезбедува потребните количества на витамин Ц. Свежото овошје и зеленчук содржи најголеми кинцентрации на витамин Ц.
Светлината и топлината можат да ја намалат концентрацијата на витамин Ц, затоа треба правилно да се складираат и да се избегнува предолго готвење.
Суплементите на витамин Ц се достапни во разлишни форми, капсули, таблети, прашоци , течности.
Витаминот Ц се додава и во некои креми за кожа, енергетски пијалаци, и друга процесирана храна.
Автор: Д-р Дарко Стојановски
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!