Top

Витамин Е

Витамин Е претставува антиоксиданс одговорен за правилно функционирање на имунолошкиот систем и за одржување на здрави очи и кожа. Бидејќи витаминот Е е растворлив во масти, потребно е да се зема во присуство на масти за негова правилна апсорпција.
Витаминот Е е неопходен за оптимално функционирање на имунолошкиот систем, здрави очи, кожа, коса и нокти, како и заштита на целиот организам. Исто така е поврзан со превенција на голем број на болести.



Храната богата со витамин Е вклучува житарици, кикиритки, зрна од соја, авокадо, маслиново и пченкарно масло, грозје, праски, брокула, јајца, домати и капини, Свежите, необработени хранливи продукти се најбогати со витамин Е. Топлината и светлината можат да ја намалат потентноста на витаминот во свежото овошје и зеленчук и затоа треба да се избегнува негово несоодветно складирање како и многу долго готвење. Исечен на парчиња зеленчукот и овошјето богати со витамин Е се изложени на повеќе светлина и затоа треба да се складираат и да се чуваат цели. За лица кои се со ризик за дефицит на витамин Е или оние кои не земаат доволно со исхраната, суплементите на витамин Е се достапни во различни форми.

Автор: Д-р Дарко Стојановски




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>