Top
susam

Сусамот е навистина здрав

Сигурно и вие го сакате сусамот особено на тазе геврече. Но, сигурно и многу од вас не знаеле дека тој е навистина здрав. Во продолжение прочитајте кои се неговите позитивни страни.

Сусамот е извор на калциум, железо, магнезиум и фосфор, одличен извор на бакар и манган, а како лековито растение за целото тело се користи уште пред илјадници години. Истражувањата покажуваат дека сусамовото масло може да помогне во регулирање на нивото на шеќер во крвта кај пациенти кои страдаат од дијабетес тип 2 и притоа да ја намалува потребата за примање на вообичаената терапија. Сусамот и масло од сусам, може да го регулираат нивото на крвниот притисок и се препорачува за сите луѓе кои страдаат од хипертензија. Сусамово масло може да се користи за спречување на болести на усната шуплина, а особено за покажува како делотворен за заболувања на непцата. Ги чисти забите, го намалува нивото на бактерии во устата и да учествува во спречување на таложење на наслаги на забите.

Научниците велат дека со редовното консумирање на сусамот може да се намали ризикот од атеросклероза. Тој делува во спречување на таложење на наслаги на ѕидовите на артериите и го намалува ризикот од згрутчување на крвта. Во составот на сусамот има сезамин, посебен вид на лигнин кој има фитоестрогенски својства. Сите растенија со фитоестрогенски својства учествуваат во намалување на ризикот од развивање на рак клетките, како и нивното ширење.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *