Неодамнешните студии ги негираат тврдењата дека јајцата го покачуваат нивото на холестерол и триглицериди. Едно јајце на ден го зголемува нивото на два антиоксиданси кои се одговорни за здравјето на очите. Добро е познато дека појадокот е најдобар начин за енергично започнување на денот. Експертите велат дека оние кои не го прескокнуваат појадокот живеат подолго, имаат помала веројатност дека значително ќе ја покачат телесната тежина во текот на животот и го намалува ризикот од дијабетес. За појадок особено се препорачливи јајца од кокошка, бидејќи претставуваат одличен извор на протеини. Освен протеини, жолчката од јајцето е богата и со железо.

Јајцата се богати со хранливи материи, а и поседуваат значителни количества од речиси сите есенцијални витамини и минерали и други состојки кои имаат позитивен ефект врз здравјето на луѓето. Истражувањата покажуваат дека појадувањето јајца ја подобрува меморијата и конгитивните способности. Исто така, тие се одлични за диети во кои е потребно внесување малку јаглени хидрати.
Интересно е тоа што кога се одделуваат белката и жолчката, содржината на хранливите материи значително се менува. Мастите остануваат во жочката, протеините се делат и во белката и во жолчката, но повеќе ги има во жолчката. И сите останати вредни состојки остануваат во жолчката, па така белката останува и без минерали и витамини.
Протеините кои ги содржат јајцата имаат висока биолошка вредност. Освен тоа, тие ги содржат сите есенцијални аминокиселини кои му се потребни на организмот во текот на растот и развојот. Јајцата се одличен извор на фосфор, селен, рибофлавин, пантотенска киселина, железо, цинк, калциум, магнезиум, витамин Б12, А и Д. Најздраво е јајцето да се јаде варено, бидејќи лушпата ги задржува сите лековити и хранливи состојки. Пржените и печените јајца обично ги губат тие состојки.
Јајцето е една од најважните елементи во исхраната на малите деца, поради неговата хранлива и биолошка вредност и ниска калоричност. Тие може да бидат соодветна замена за месо, а се препорачува децата да јадат едно или две јајца дневно, особено ако месо јадат само во мали количества. Јајцата од кокошки кои се хранети на природен начин содржат поголемо количество фолна киселина и витамин Б12.

Јајцата од мисирка и од гуска имаат слична хранлива ввредност како и оние од кокошките, само што се покрупни. Јајцата од патка се похранливи од кокошкините, но треба да се готват подолго време за да се уништат бактериите на нив. Јајцата од препелица во однос на кокошкините содржат повеќе фосфолипиди, а помалку есенцијални масни киселини – линоленска, линолова и арахидонска киселина. Исто така, тие се богати со витамин Ц, Е, Б1, Б2, Б6, Б12, биотин, фолна киселина, бета-каротин, каротеноиди, пантотенска киселина. Од минералите намногу содржи калиум, фосфор и железо. Генерално, јајцата од препелица се корисни за човечкиот организам, особено за крвоток, срце, бубрези, црн дроб, желудник и мозок.

Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!