Top

Време е за диета!

Време е да почнете да размислувате како да се ослободите од вишокот килограми кои ги стекнавте оваа зима. Но, се мачите со денови и постојано го одложувате почетокот, а килограмите се таложат.
Многумина додаваат уште некој килограм плус од моментот кога ќе одлучат дека треба да почнат со диета, до самиот почеток на диетата. Затоа почнете веднаш!



За многумина диетата претставува вистински стрес бидејќи постојано се оптеретуваат со мисли во контекст колку ќе биде напорна диетата, дека постојат многу забрани и како постојано ќе бидат гладни.

- “Честите почетоци и откажувања се последица на несоодветни диети, како и премногу строги програми кои само кусо време би можеле да ги издржите.” – смета нутриционистката Бранка Мирковиќ.
– Дебелите луѓе не се мрзливи по својата природа, тие имаат пореметувања ви исхраната. За да ја победите таквата состојба и да успеете да го контролирате гладот или апетитот потребно е време и адекватен начин на исхрана кој ќе ви биде прилагоден само за вас.
Можеби до сега не сте се соочиле на вистински начин со својот проблем, нешто правите погрешно и затоа резултатите изостануваат.” – објаснува нутриционистката.
Ако до крај не сте ја разбрале причината за својата дебелина и барате изговор во метаболизмот, генетиката, неможноста успешно да реализирате диета, тогаш сигурно до крај не сте ја расветлиле причината за своите лоши навики.

Шест корисни совети за самопомош:
1. Намалете ја количината на храна што ја консумирате во текот на денот,
2. Запишете што сè сте изеле во текот на денот,
3. Дефинирајте ги своите лоши навики,
4. Искрено напишете ја причината поради која најмногу јадете и кога тоа се случува,
5. Пробајте да се сопрете, а ако не можете, запишете зошто храната ве победила,
6. Искрено набљудувајте се без осудување, важно е да ја разберете причината поради што и кога јадете.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>