Top
najvalkanoto nesto

Што е највалканото нешто во домаќинството?

Сигурно кога ќе помислите што е она што е највалкано во еден дом, прво на памет ви паѓа школката или кантата за ѓубре. Но, кујнскиот сунѓер за миење садови е убедливо највалканата работа во домаќинството. Сунѓерот за миење садови е повалкан дури и од даската на WC школката, како и од кантата за ѓубре.

„Сунѓерот има многу набори и пукнатини и секој пат кога чистите со него, патогените микроорганизми остануваат во тие вдлабнатини. Луѓето ги мијат сунѓерите, мислејќи дека така ќе ги исчистат, но всушност би требало да се дезинфицираат“, вели доктор Филип Тиерно, професор по клиничка микробиологија од Њујорк, кој воедно е автор на книгата „Тајниот живот на микробите“.

Секогаш кога сунѓерот го користите за миење на садови, остатоците од храна завршуваат во неговите ситни пукнатини, каде што можат да останат долго, што овозможува развој на бактерии. Освен тоа, овој сунѓер речиси секогаш е мокар, а тоа го прави идеално место за развој на опасни бактерии кои се размножуваат на секои 20 минути. Особено внимание треба да обрнете на бришење на даската за сечење, особено кога сечете месо, како на пример пилешко, бидејќи во овој случај постои поголема шанса за развој на опасната бактерија салмонела, особено во летниот период. Ниту овошјето ниту зеленчукот не се безопасни, бидејќи тие често ја содржат бактеријата Ешерихија коли, која е причина за различни видови на инфекции.

„Сапунот и водата не ги убиваат бактериите, тие само го одмиваат. Сте се запрашале ли зошто кујнскиот сунѓер има толку непријатен мирис? Тоа се бактериите“, вели доктор Тиерно.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>