Нискиот крвен притисок уште се нарекува и хипотензија. Иако не е толку страшен како високиот крвен притисок сепак може да предизвика појава на одредени симптоми како што се: гадење, вртоглавица, замор, депресија, забрзано дишење, бледнење на кожата, неспособност за брзо концентрирање, заматен вид и во многу ретки случаи и несвестица. Постојат неколку начини кои ќе ви помогнат да се справите со овој проблем.
Немојте да претерувате со кафето
Кофеинот го крева притисокот моментално, но потоа предизвикува дехидратација, па притисокот станува уште понизок.
Балансирајте со оброците
Не треба да се изгладнувате, ниту да се прејадувате. Во текот на денот имајте пет помали оброци, наместо два или три кои ќе бидат обилни.
Пијте водa
За да го нормализирате притисокот, пијте доволни количини на вода, јадете овошја и зеленчук кои се богати со вода и јадете супа неколку пати во неделата.
Внесувајте витамини и минерали
Витаминот Ц, железото и калциумот се одличен избор за оние кои патат од низок крвен притисок.
Газирани пијалоци и солена храна
За моментално да го покачите притисокот доволно е да се напиете чаша газиран сок или да се напиете чаша јогурт со половина лажичка сол. Сепак, ова не треба да го правите често, а доколку нискиот притисок ве спречува да функционирате нормално задолжително обратете се кај својот лекар.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!