Top

Совети за рамен стомак

Како и секоја зима, така и оваа сигурно остави траг по вашето тело, во облик на масни наслаги наталожени во пределот на стомакот. Во продолжение прочитајте неколку совети кои ќе ви помогнат да го подобрите изгледот на вашето тело.

МАСАЖА НА СТОМАКОТ
Една од причините за подуен стомак е бавниот метаболизам, поради што храната подолго се задржува во цревата. Тоа го зголемува волуменот на стомакот. Процесот на варење на храната може да се забрза со едноставна вежба. Половина час после оброк легнете на грб, нозете свиткајте ги во колена и лесно тапкајте го стомакот со врвовите на прстите. Започнете од средина и продолжете кон страните, а потоа со цела дланка кружно масирајте го цел стомак.

ИСПРАВЕНО ДРЖЕЊЕ НА ТЕЛОТО
Правилното држење на телото е многу важно за стомачните мускули. Кога седиме и стоиме со исправен грб автоматски го затегнуваме стомакот. Се препорачува и една практична вежба додека седите. Неколку пати вовлекувајте го стомакот, а постапката повторете ја 4-5 пати на ден.

НЕ ЏВАКАЈТЕ БРЗО
Иако темпото на живот не тера да брзаме, сепак уживајте во храната и секој залак џвакајте го пополека. Доколку брзо ги голтате залаците и притоа зборувате, до желудникот доаѓа голема количина воздух кој предизвикува подуеност. Освен тоа, јадејќи побрзо имаме тенденција да изедеме повеќе отколку што навистина ни е потребно.

ИЗБЕГНУВАЈТЕ СОЛ
Еден од главните виновници за таложење на масни наслаги во пределот на стомакот е токму солта. Таа е минерал кој се врзува со водата и предизвикува подуеност на ткивата. Внесувањето на сол сведете го на минимум и имајте на ум дека бројни намирници веќе го содржат во себе овој минерал.

ПИЈТЕ „ЧУДОТВОРЕН“ ПИЈАЛОК
Секое утро започнете го со напиток од лимон и ѓумбир кој ќе ја забрза работата на метаболизмот и ќе ги ослободи цревата од насобраните остатоци.

ЈАДЕТЕ ЈАБОЛКА СЕКОЈ ДЕН
Јаболката имаат директно влијание на мускулната маса и го намалуваат нивото на масти, а со тоа ја намалуваат можноста за нивно таложење. Едно големо јаболко содржи околу 200mg полифеноли и 30g јаглехидрати.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *