Недостатокот на вода во организмот, односно дехидрацијата може да предизвика сериозни здравствени проблеми, а во тоа ќе се согласат сите стручни лица.
Луѓето кои вежбаат редовно најмногу треба да внимаваат на количината на течности што ја внесуваат во организмот во текот на целиот ден. Поголема опасност претставува фактот што не сме свесни кога дехидрираме.
Показатели на дехидрација се:
1. ГЛАВОБОЛКИ – Кога вашето тело губи течности, истовремено губи и есенцијални соли – натриум и калиум. Во тој момент тоа се менува хемискиот состав на вашата крв, а мозокот е чувствителен на тоа, бидејќи до него доаѓа помалку кислород. На тој начин настануваат главоболки.
2. ЖОЛТА УРИНА – Причината за жолта урина е преголемата концентрација на штетни материи. Кога пиете многу вода, ваквите материи лесно се исфрлаат од организмот. Но, кога не го правите тоа, тие се задржуваат во урината и таа така добива посилен мирис и боја.
3. ПРОБЛЕМ СО СТОЛИЦА – Недостатокот на вода оневозможува штетните материи да поминат преку дебелото црево и да излезат од организмот.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!